Македонија
Доделени наградите за најдобри промотори на Македониja
Васко Марковски, уредник на „Free Time Guide“ месечник за странци во Македонија, кој го издава Форум Плус- Сивус груп е добитник на екстра статутарна награда доделена од проектот „Macedonia Loves You“. Наградата се доделува за неговата презентација на македонската култура, културното наследство, историја и убавини, за презентирањето на непозната Македонија и за создавањето на една од најуспешните промотивни публикации во Македонија Free Time Guide. Според гласањето на Фејсбук и гласовите на жирито избрани се шест лауреати за наградата „Најдобар промотор на Македонија“: Горан Атанасовски, главна награда, проф. Виктор А. Фридман, награда за животно постигнување, како и екстра статутарните награди за Весна Соколовска, Благој Нацоски, Тим Македонија Експорт и Васко Марковски.„Free Time Guide“ е специјализиран месечник за странците што живеат и што доаѓаат во Македонија. Станислав Пигон, Полјак што порано живеел во Македонија започна еден проект „Macedonia Loves You“ со кој ја промовира земјата и во рамките на тој проект реши да организира награда за најдобар промотер на Македонија. Ме исконтактира преку Фејсбук и самиот ме номинираше, бидејќи дури живеел овде го читал „Free Time Guide“, и му се допаѓал начинот на кој ги работев репортажите,“ изјави Васко Марковски, уредник на „Free Time Guide“.На сите учесници во изборот на 9 март ќе им се доделат соодветно медали, дипломи за благодарност и почесни признанија за се што имаат направено за Македонија и посветено да продолжат да го прават тоа и понатаму.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

