Контакт

Компании

Најголемото искушение на газдите на Фершпед

Објавено пред

По одземањето на дозволата за работа

dobivaj vesti na viber

Платите на вработените, Фершпед годишно го чинат 4,4 милиони евра. Сега, кога има забрана за работа, што ќе одлучи менаџментот? Ако отпушта, ќе се соочи со потенцијален револт на работниците-акционери од што може да произлезе понуда на акциите на берзата. Тоа ќе значи дека некој непосакуван за внатрешните акционери може да влезе во игра. Ваквото сценарио, со вакви ниски цени, многумина ќе се обидат да го валоризираат… Како и да е, актуелните основачи на Фершпед сега се пред големо искушениеПишува: Владо ХРИСТОВЦаринската управа го одзеде решението на Фершпед за царинско застапување. Ова решение за одземање е изготвено по еден процес во кој со однос топло-ладно Царинската управа повеќе од една година наназад го држи Фершпед  во неизвесност. Иако пред еден месец беше изготвено решение за мандатна казна од 10.000 евра за царински прекршоци (кои за Фершпед се технички грешки поради голем обем на работа), Царината сепак реши дека Фершпед не може да се толерира и дека постои основа за одземање на неговата лиценца за основната дејност – застапување компании во царински постапки. За да добие чувство пошироката читателска публика што значи Фершпед во сферата на царинските работи, треба да се знае следново: Фершпед покрива повеќе од 30% од пазарот со шпедитирање во земјава. Преку Фершпед годишно поминуваат повеќе од 30% од сите стоки кои нашата економија ги разменува со светот. Фершпед по сите критериуми е најголемата македонска шпедиција која вработува речиси 500 лица. Компанијата за 2008 г. ì платила повеќе од 1,4 милијарди денари на Царинската управа. Во администрацијата на Фершпед направиле сериозни пропусти во своето работење додека правеле декларации за стоки кои влегуваат во земјава. Царинската управа се посомневала, и по ригозорни контроли и постапки на објаснувања и докажувања е утврдено дека не се работи само за “технички”, туку за “суштински” пропусти кои не биле правени “кампањски” заради обемна работа, туку биле правени “системски”. Сега Фершпед има на располагање други правни мерки и средства и останува да видиме што ќе оценат надлежните институции во натамошната постапка.ШТО СЕГА?Фершпед ја доживеа судбината на Макошпед – доби забрана за вршење дејност во рок од една година. Што во тој период ќе работат речиси 500 луѓе вработени во Фершпед? Дали ова за нив ќе значи прекини на работните ангажмани, односно народски кажано – ќе добијат откази? Ако не добијат откази, што ќе работат, зашто фирмата не може да ја работи основната дејност цела година? И, доколку не добијат откази, од кои пари ќе добиваат плата зашто фирмата нема да генерира приходи?Ова се клучните прашања на кои треба да се бараат одговори сега. Доколку вработените добијат откази, тие ќе треба да најдат извори на егзистенција за да преживеат една година. Од што ќе живеат? Фершпед е компанија со висок углед во Македонија и важи за фирма во која вработените се добро платени. Многумина од нив ги наследиле работните места од своите пензионирани родители. Добар дел, пак, добиле вработување како возврат на довербата на нивните родители лојални на Штерјо Наков и на Кираца Трајковска, менаџерско дуо кое го подигнало Фершпед. Многумина од тие млади луѓе имаат обврски спрема банки по основ на кредити за автомобили, куќи, плацеви, станови, викендички…, затоа што до неодамна работеле во солидна, цврста компанија која генерира солидни приходи и добивки и во која добро заработуваат. И што сега, ако останат без работа, а ратите и каматите продолжат да доаѓаат? Навистина, сега најтешко му е на менаџментот во компанијата. Прв менаџер е синот на поранешниот најголем акционер Штерјо Наков, основач на Фершпед. Сега откако Наков се пензионираше и ги подели своите акции на своите двајца синови, останува тие да одлучуваат за суштински важни работи за иднината на компанијата. КАКО ОВА ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ АКЦИЈАТА НА ФЕРШПЕД? Фершпед беше една од најпосакуваните акции на Македонската берза. Оваа акција еден момент достигна цена и повисока од 400.000 денари, што беше највисока во споредба со сите други акции. Фершпед е компанија со само 18.113 акции со книговодствена вредност повисока од 170.000 денари, што значи дека капиталната вредност на компанијата изнесува околу 50 милиони евра. Во таа компанија крупните акционери поседуваат заедно помалку од 40% од сите акции со право на глас, а поголемиот дел од акциите ги поседуваат вработените или нивните родители кои се пензионирани работници на Фершпед. Заедничко за сите нив е што имаат голема доверба во Штерјо Наков, поранешниот прв човек на Фершпед. Досега за довербата тој им возвраќал со високи и редовни плати, придобивки, вработувања за нивните деца, сè со цел да ја стекне нивната доверба на секое акционерско собрание. Но, како ќе биде отсега?Што ако секнат приходите на семејствата кои со години наназад егзистираат од Фершпед? Дали ова нема да направи паника и нема да ја разниша довербата во поранешниот прв човек на Фершпед и во неговиот наследник кој сега е на чело на компанијата? И дали тие луѓе во очај и паника нема да посегнат и да ги понудат на берза своите акции? Или барем на некој што е подготвен да плати повеќе за нив? Многу прашања, засега нема одговори. Како и да е, ова сценарио не смее да се исклучи. Фершпед е гигант и повеќе од сигурно е дека никој не сака да го уништи, туку дека многумина сакаат да ја контролираат или поседуваат најсилната инфраструктура за царинско посредување во Македонија.Дали може да очекуваме цената на акцијата на Фершпед да почне да расте во услови кога сите очекуваат да паѓа поради тоа што компанијата ќе изгуби најголем дел од своите приходи во претстојните 365 дена. Дали ќе видиме непријателско превземање на Фершпед? Сите овие прашања се отворени, колку и да изгледаат неверојатни. Само да не заборавиме. Акумулираната нераспределена добивка на групата Фершпед изнесува повеќе од 1,4 милијарди денари. За што ќе се користат сега тие пари? И да не заборавиме дека за еден квартал платите на вработените во Фершпед изнесуваат 1,1 милиони евра. Значи, во наредните 365 дена се потребни барем 4,4 милиони евра по таа основа, за да се задржи довербата кај потенцијално “нервозни” иматели на акции. Како и да е, сите се пред големо искушение…

Податоци за групата Фершпед за 2008 година -Добивка по акција – 12.505 денари-Акумулирана добивка – 1,44 милијарди денари-Вкупни приходи на групата Фершпед – 6,5 милијарди денари-Добивка на групата – 223,2 милиони денариНајголеми акционери:1.Драган Наков 11,8%2.Сашо Наков 11%3.Кираца Трајковска 10,6%4.Ист инвестор (Инвестициски фонд) 5,8%Факти Лани Фершпед на Царинската управа ì платил 1,4 милијарди денари.Групата Фершпед на крајот на 2008 г. вработувала 807 лица, а 467 се вработени во шпедицијата Фершпед.Фершпед поседува96,7% од сите акции во Сковин51,6% од сите акции во Лотарија на Македонија65,6% од сите акции во Хотели Метропол Охрид100% од Фершпед Брокер (брокерска куќа со големо овластување основана со 500.000 евра)Долгорочни обврски на ФершпедНа крајот на 2008 г. долгорочните кредитни обврски на групата Фершпед спрема домашните банки изнесуваат 394,8 милиони денари. Од тоа долгорочните обврски спрема Комерцијална банка се 294,6 милиони денари, а спрема Охридска банка се 78,3 милиони денари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ6 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија6 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија7 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија8 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија8 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион9 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија10 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија10 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет11 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа11 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет12 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа12 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион21 час

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија22 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...