Европа
Порошенко: Украина ќе го продолжи приближувањето кон ЕУ, и покрај негативниот холандски референдум

Украинскиот претседател Петро Порошенко, една од фигурите споменати аферата Panama Papers во врска со користењето на ткн даночни оази за прикривање на финансиските текови и избегнувањето на оданочување, изјави во четвртокот дека неговата земја ќе го продолжи патот кон Европската унија, и покрај отфрлањето на Спогодбата за придружување на референдумот во Холандија.
„Во секој случај, ќе продолжиме да го спроведуваме договорот за придружување со Европската унија, вклучително и длабокиот и сеопфатен договор за слободна трговија… Ќе го продолжиме патот кон Европската унија“, изјавил украинскиот претседател Петро Порошенко за новинарите кои ја следат неговата посета на јапонската престолнина Токио, пренесува Reuters.Порошенко, коментира агенцијата, се обидува да ја намали важноста на референдумот во Холандија, кој сепак не е обврзувачки, но рекол дека Украина мора да го земе предвид и додал дека неговата земја ја очекува одлуката на владата и парламентот на Холандија.Холандската влада претходно во средата соопшти дека не може да ги игнорира резултатите од референдумот, но дека ќе бидат потребни седмици за да донесе одлука како ќе реагира.Според сé уште неофицијалните резултати, околу 64 отсто од холандските гласачи кои гласеле на плебисцитот се изјасниле против Спогодбата за придружување и слободна трговија на Украина со ЕУ, а 36 отсто биле „за“. Одѕивот бил само малку над 30 отсто, колку што е потребно за референдумот да биде валиден.„Јасно е дека преовладува одговорот ‘не’, прашање е единствено дали одѕивот бил доволен. Доколку тој биде над 30 отсто, тогаш според мене со ратификацијата не можеме само така да одиме натаму“, изјави холандскиот премиeр Марк Руте, кого го цитира AFP.Сеопфатниот политички, трговски и одбранбен договор за придружување во членството на ЕУ на Украина, привремено се применува од јануари годинава, но мора да го ратификуваат сите држави членки на ЕУ во целост, за да има полна правна сила. Холандија е единствената земја членка којашто тоа не го стори, додека во некои тоа го сторија само владите или парламентите, во зависност од националните законодавства.Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, уште во јануари предупреди дека отфрлањето на договорот меѓу ЕУ и Украина би можело да предизвика „континентална криза“ и да оди во полза на Русија. Иако резултатот од гласањето на холандскиот референдум нема да биде обврзувачки, повеќето холандски партии изјавија дека ќе се чувствуваат должни да го земат предвид евентуалното „не“ на избирачите.Холандскиот премиер Марк Руте тогаш го отфрли предупредувањето од Јункер како претерано, иако отфрлањето потсетува на 2005 година кога Холандија го отфрли предлогот на првиот европски устав, што предизвика повеќегодишна криза во ЕУ. Организаторите на референдумот би можеле многу скоро да започнат да размислуваат и за организирање на референдум за „Некзит“, односно излегувањето на Холандија од ЕУ, сметаат коментаторите, напомнувајќи дека холандскиот референдум би можел да постави и опасен преседат во ЕУ. Поддршката на Холанѓаните за ЕУ е сé послаба откако земјата во 1991 година стана нето уплаќач во европскиот буџет. Иако повеќето холандски партии се проевропски, во анкетите во моментов води антиевропската крајно десна Слободарска партија на Геерт Вилдерс./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен што почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум „РИА новости“ повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности не само во деловните кругови туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Француската полиција извлече пијан патник од авион: „Тој почна општа тепачка“

Во четвртокот имаше вистински хаос на летот на „Рајанер“ од Борнмут, Англија, до Жирона, Шпанија. Летот мораше да биде пренасочен кон Тулуз откога пијан патник се обиде да ја отвори вратата на авионот предизвикувајќи општа тепачка.
Според сведоците, инцидентот почнал кога пијан маж почнал да вика „сакам да си одам“ и се упатил кон излезот за итни случаи. Другите патници веднаш реагирале и се обиделе физички да го совладаат, но тој одговорил со плукање и удирање. Целата ситуација ескалирала во општа тепачка.
„Целиот инцидент бил многу трауматичен. Човекот отишол во тоалет, потоа се обидел да отвори една од вратите за итни случаи. Потоа се обидел и со другите. Потоа почнала голема тепачка со мажите што се обидувале да го оддалечат од вратата“, рекол еден патник.
@thesun Shocking moment drunk man is dragged off plane after trying to open door mid-air and brawling with other passengers. #news #plane #brawl ♬ original sound – The Sun
Некои од патниците рекле дека доживеале напади на паника.
„Почнаа да се тепаат на средина од авионот. Траеше 30-ина минути. Беше ужасно, имаше крв насекаде. Луѓето врескаа и плачеа“, додал друг сведок. Насилниот патник на крајот бил совладан и соборен на подот, а глуждовите му биле врзани со дел од безбедносниот појас.
„Сакаше да оди во тоалет додека полетувавме. Кога го замолија да седне, извика ‘морам да одам, другар’, но потоа седна. На средина од летот почна да се затетерува и се обиде да ја отвори вратата од авионот. Беше целосно пијан и сакаше да излезе“, опиша трет сведок.
Sécurité aérienne : un vol Ryanair, qui effectuait la liaison entre l’Angleterre et l’Espagne, a été dérouté en urgence vers l’aéroport de Toulouse à cause d’un passager britannique, ivre, qui a tenté d’ouvrir une porte de secours en plein vol, provoquant la panique parmi les… pic.twitter.com/eoxbBmpbtu
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 6, 2025
„Двајца мажи се обидоа да го смират и да го совладаат, а тој почна да ги удира и да плука по сите. Еден крупен човек го предупреди дека ќе го собори ако продолжи и го турна на земјата“. По слетувањето во Тулуз, човекот беше пречекан на пистата од 13 француски полицајци и беше симнат од авионот. Летот потоа продолжи за Жирона, а авионот слета со речиси два часа задоцнување.
фото: принтскрин
Европа
Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

Левицата, предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори обележани со подемот на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат во својата историја.
По изборите фокусирани на локални прашања, но под влијание и на геополитичките турбуленции, со речиси сите преброени гласови, се очекува левичарскиот блок да освои тесно мнозинство од 87 од 169 места во Парламентот.
„Знаевме дека ќе биде тесно и беше. Знаевме дека мора да дадеме се од себе и дадовме се од себе. И го направивме тоа“, им рече Сторе на поддржувачите.
На власт од 2021 година, 65-годишниот премиер освои нов четиригодишен мандат, најверојатно на чело на малцинска влада.
Со речиси 28 проценти од гласовите, неговата Лабуристичка партија ќе мора да ги здружи силите со сите други левичарски партии со кои има бројни несогласувања.
фото: принтскрин