Свет
Најмалку 14 повредени при несреќа на хеликоптер на НАТО во Авганистан
Најмалку 14 лица се повредени откако воен хеликоптер на НАТО се сруши во јужен Авганистан, јавија светските медиуми.
Најмалку 14 лица се повредени откако воен хеликоптер на НАТО се сруши во јужен Авганистан, јавија светските медиуми.
Хеликоптерот се срушил во провинцијата Забул во близина на Кандахар, регион во фокус на воената офанзива против талибанските милитанти предводена од САД.
Според првичните извори нема загинати, а сите повредени се евакуирани и се пренесени во медицинските центри, соопштија Меѓународните сили за безбедност на НАТО ИСАФ.
Помеѓу повредените има девет странски, три авганистански војници и еден полицаец, а се претпоставува дека причина за несреќата се технички проблеми.
Претставници на ИСАФ изјавија дека причината за несреќата се истражува и дека нема знаци дека во инцидентот се замешани талибанските бунтовници.
Ова е втор ваков инцидент во Авганистан во последните неколку дена, откако минатата недела во хеликоптерска несреќа во овој регион загина еден, а беа повредени уште тројца војници на НАТО./крај/бгн/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ започнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори во недела на 12 јануари, а на полноќ стапува на сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнери).
Гласачките места ќе бидат отворени во недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожар, пишува „Пејџ Сикс“. Том и Рита се уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 летови биле одложени, додека десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата, кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата, намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница Сафар, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на училишните часови на учење преку Интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви на магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите кои не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем кој им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови Flightradar24, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.