Свет
Пјонгјанг го предупреди Сеул за патролите во пограничниот појас
Северна Кореја предупреди во понеделник дека ќе следат „непредвидливи инциденти“ доколку Јужна Кореја и САД не ги запрат присуството на нивни единици во пограничното подрачје
Предупредувањето што го објавија денеска севернокорејските власти доаѓа додека се’ уште трае големата тензија меѓу двете држави откако во петокот потона брод на воената морнарица на Северна Кореја.Првите информации за експлозијата на бродот во кој исчезнаа 40-ина севернокорејски морнари, говореа дека во инцидентот може да е инволвиран Пјонгјанг, но подоцна јужнокорејските власти изјавија дека за тоа нема сигурни докази. Денеска службеник на јужнокорејското министерство за одбрана рекол дека нуркачите се’ уште не можат да ги најдат телата заради матната вода на местата на несреќата во близината на поморската граница меѓу двете Кореи. Тој додал дека не е исклучена сосема ниедна од можните причини за хаваријата, како и можноста бродот да налетал на една од 4.000те мини што ги има поставено Северна Кореја уште од времето на Корејската војна.Северна Кореја не даде никаква изјава за потонувањето на јужнокорејскиот воен брод, но предупредува на случувањата во подрачјето на копнената граница. „Ако јужнокорејските и американските власти и покрај нашето предупредување и натаму продолжат со злоупотребите во демилитаризираната зона во меѓукорејските судири, последиците ќе бидат несогледливи инциденти, вклучувајќи и губење на човечките животи“, пренесе севернокорејскта државна новинска агенција KCNA.Во соопштението што го пренесуваат и западните агенции, се повикува Јужна Кореја да ги прекиен посетите на новинарите во подрачјето околу демилитаризираната зона, појас широк четири километри кој се протега долж Корејскиот полуостров.Во петоктот јужнокорејски борд со повеќе од стотина членови на екипажот потона во водите близу Северна Кореја. Бродот со носивост од 1.500 тони и 104 членови на екипажот почнал да тоне околу 9:45 часот по локално време а беа спасени 58 јужнокорејски морнариБродот започнал да тоне по експлозијата во задниот дел, а воени извори додадоа дека во трупот на бродот кој се’ уште не извлечен од дното во водите со длабочина од 20 метри, имало дупка во делот на крмат.Првиот судир во Жолтото Море меѓу двете морнарици по седум години се случи минатиот ноември, кога беа оштетени двата брода но немаше човечки жртви.На крајот од јануари Северна и Јужна Кореја разменија артилериски оган долж спорната западна граница. Северна Кореја тогаш истрела неколку гранати од својот брег, на што веднаш возврати Јужна Кореја веднаш возвратила со оган од нејзината воена база на островот во близина на границата.На западната поморска граница последните десетина години се случуваат повеќе инциденти. Воените бродови на двете држави минатиот октомври ,исто така имаа меѓусебна престрелка по седум години при што беа оштетени и двата брода. Северна Кореја пријави дека тогаш е убиен еден морнар, а ранети тројца. Други судири во кои имаше жртви се случија во 1999 и 2002 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.