Свет
САД: Судот нареди на Владата објава на судската одлука за програмата Призма
Американскиот суд кој тајно ги надгледува владините разузнавачки активности, застана на страната на Јаху и нареди на администрацијата на Обама да ја симне ознаката за тајност и да ја објави одлуката од 2008 година, во која се оправдува Призма, шпионската програма што неодамна ја обелодени Едвард Сноуден.
Оваа одлука би можела да овозможи увид во тоа како владата законски ги оправдувала програмите на своите разузнавачки агенции за собирање податоци во согласност со законот познат како ФИСА (Foreign Intelligence Surveillance Act).
Одлуката во понеделникот ја донесе судијата Реџи Валтон од американскиот Суд за надзор над странските разузнавачки служби. Се очекува владата до 26 август да реши за тоа кои делови од мислењето од 2008 година би можеле да бидат објавени.
Судот за надзор веќе подолго од три децении се задолжени за надзор на собраните податоци од американските разузнавачки служби.
Сноуден на весниците Гардијан и Вашингтон Пост им откри дека НСА преку програмата наречена Присм директно од серверите на девет интернет компании, вклучувајќи ги и Фејсбук, Гугл, Мајкрософт и Јаху, симнува податоци за нивните корисници.
Сите компании потоа објавија дека не дале дозвола за пристап до серверите, а Јаху реши да започне и правна битка против американските власти со цел откривање на нови детали за програмата Призма. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

