Контакт

Надворешна политика

Иванов: Атина настапува од позиција на сила и излегува од рамката на разговорите во спорот со името

Објавено пред

Зголемениот интерес на меѓународната заедница, на посредникот Нимиц и на канцеларката Меркел, за спорот за името треба да се искористат за поголем притисок врз Грција, бидејќи Атина настапува од позиција на сила, излегува од рамката на разговорите во спорот со името и не придонесува за изнаоѓање на заемно прифатливо решение, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервјуто за Дневник. 

dobivaj vesti na viber

За него посетата на посредникот Нимиц претставуваше уште една можност повторно да се разменат мислења за актуелната состојба во разговорите за надминување на овој проблем, но и надеж процесот да добие интензитет.

 

„По изјавата на Нимиц во Атина, очигледно е дека наместо почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски, другата страна настапува од позиција на сила, излегува од рамката на процесот и не придонесува за наоѓање заемно прифатливо решение. Наместо одговор на нашите иницијативи за средби и интензивирање на дијалогот, гледаме злоупотреба на позицијата членка на ЕУ, на НАТО и на регионалните иницијативи. Наместо одговор, слушаме изјави кои како да доаѓаат од некое дамнешно време кога со леснотија се убиваа, протеруваа, се асимилираа луѓе што имаа друг идентитет, друг јазик, други имиња и презимиња. Kога со леснотија се кршеа сите по ред човекови права и се погазуваше човечкото достоинство“, истакнува Иванов.

 

Македонскиот претседател вели дека несфатливо е денес во 21-от век, некои да одбиваат да поверуваат дека Македонија е реалност на Балканот и реалност во Европа. За него несфатливо е денес некому да му го негирате неговиот јазик, неговиот идентитет.

 

„Несфатливо е некој сé уште да ни го негира нашето право да постоиме и да бидеме тоа што сме, тоа што отсекогаш сме биле. Грција е во многу комотна ситуација. Таа како држава не трпи речиси никаква штета од овој спор што самата го создаде. Најголема штета трпи Република Македонија, чие членство во НАТО е замрзнато, а отворањето на пристапните преговори со Европската Унија и членството во регионалните иницијативи е блокирано.Но, сешто преживеавме овие две децении, сите ембарга, блокади, уцени, ултиматуми, не се причина ние да се откажеме од нашата позиција и нашите барања. Тие барања не само што се принципиелни, туку во целост се во согласност со меѓународното право и меѓународно преземените обврски“, истакнува Иванов.

 

Наметнувањето на поединечните себични интереси на земја-членка над колективните интереси, не ги прави посилни организациите, смета Иванов и додава дека и самиот медијатор Нимиц по последната посета во Скопје го истакнал интересот на меѓународната заедница за решавање на ова прашање па поради тоа, потребно е да се изврши притисок, кој ќе резултира со почитување на меѓународното право и меѓународно преземените обврски.

 

„Учеството на Меркел на состанокот на лидерите на Брдо-Бриони процесот недвосмислено покажа дека ЕУ повторно го свртува вниманието кон нашиот регион. Директното вклучување на моќните европски држави во надминувањето на проблемот со македонските евроинтеграции е добредојдено за конечно да ја напуштиме статус кво позицијата. Тоа е нешто што го посакуваат и граѓаните на Македонија“, вели претседателот на Република Македонија.

 

Иванов нагласува дека во моментов охрабрува фактот што се повеќе соговорници од влијателните ЕУ-членки имаат разбирање за нашиот проблем со евроинтеграциите.

 

„Годинава тоа беше случај со германската канцеларка, минатата година со францускиот претседател. И не само тие. Се повеќе државници во светот се свесни за неправдата што  и е нанесена на Македонија. Проблемот со кочењето на македонските евроинтеграции е проблем и на ЕУ, и тоа е одговорност на сите членки на ЕУ. Тоа лично  и го кажав и на канцеларката Меркел во Дубровник. И укажав дека со самото тоа што освен името, се спомнува и идентитетот е излегување од рамката во која се водат разговорите и не дава надеж дека е можно да се најде решение. Kако држава изградивме став дека не може повеќе да се носат одлуки за нас, без нас, како што било во минатото. Во тој контекст, охрабрува заклучокот произлезен од состанокот на лидерите во кој се изразува надеж дека Европскиот совет ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Р. Македонија, имајќи предвид можност за паралелни пристапни преговори и решавање на билатералните разлики. Впрочем, тоа за што ние како држава се залагаме“, истакнува Иванов./крај/мф/ап

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет8 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет11 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет12 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет14 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет15 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет15 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет16 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет17 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет17 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 дена

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...