Македонија
ДИК:Одзив до 10 часот 7,27 насто
Излезеноста на гласачите на вториот круг претседателски избори во Македонија до 10 часот е 7,27 насто
Излезеноста на гласачите на вториот круг претседателски избори во Македонија до 10 часот е 7,27 насто.
Ова го соопшти претпладнето претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски, додавајќи дека излезеноста е според податоци од 84,64 насто од гласачките места.
Излезеноста до 10 часот е малку помала во однос на првиот круг гласање, кога била 7,97.
Новаковски додаде дека до 10 часот за претседател гласале вкупно 111003 гласачи.
Својот глас на локалните избори во Македонија до 10 часот го дале 8,59 насто, а за градоначалник на Скопје гласале 7,3 проценти од гласачите.
Според претседателот на ДИК гласањето се одвива во најдобар ред. Сите 2976 избирачки места се отворени.
Задоцнување од оправдани причини од еден час при отворањето имало на две гласачки места во Студеничани, а по половина час се доцнело на по едно избирачко места во Кисела Вода, Зелениково, Боговиње и во Крива Паланка.
Гласањето на овие избирачки места ќе биде продолжено, за колку што било задоцнето /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци
Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Стража и Маврово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.
– во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од цела населба Радишани во општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22ка, во село Волково, во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд и снег
Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.