Контакт

Македонија

Бесплатен такси превоз до изборните места

Објавено пред

Бесплатни такси услуги до гласачките места за сите заинтересирани граѓани денеска ќе врши скопската такси-службата Коммак-Комерц

Бесплатни такси услуги до гласачките места за сите заинтересирани граѓани денеска ќе врши скопската такси-службата Коммак-Комерц.

„Ги известуваме граѓаните од град Скопје дека во недела на денот на изборите од 8 до 11 часот ќе можат бесплатно да ги користат такси услугите на радио такси Коммак-Комерц“, се вели во соопштението.

Од компанијата претпоставуваат дека може да се очекува околу 2.000 повици, при што би биле превезени околу 5.000 гласачи. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Арсовски: Ниту Заев ниту брат му не ги негираа обвинувањата за рекет на бизнисменот Тошевски

Објавено пред

Да бевме правна држава, а не сме, тоа секој го гледа, Обвинителството уште кога се емитуваше јавната емисија на еден национален медиум требаше по допрен глас да отвори случај за индициите дека Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев вршел рекет врз бизнисменот Киро Тошевски, кој што јавно тоа го кажа, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Јавното признание кое што беше посочено од страна на бизнисменот Тошевски во петокот на еден национален медиум, говори дека тој лично бил цел на закани, уцени и навреди од страна на братот на премиерот, Вице Заев со цел да му се обезвредни атрактивен имот и истиот да биде купен по багателна цена. Посочено беше дека бил повикуван на разговори во еден струмички угостителски објект, а дополнително бил контактиран и од самиот Зоран Заев. Ова е крајно скандалозно.

Бизнисменот говори дека со административни постапки во општина Гази Баба, кај што градоначалник е од редовите на СДСМ му бил континуирано обезвреднуван имотот со крајна цел тој да заврши во рацете на Заеви. Овие индиции ниту Зоран Заев ниту Вице Заев, ниту било кој друг повикан до сега не ги негираше јавно како што беа изнесени јавно. Се обидуваат ваков скандал да го сокријат под тепих, како и многу други до сега.

Да биде скандалот поголем во емисијата беше посочено дека постои спрега помеѓу директорот на финансиска полиција Муареми, фамилијата Заеви, Кирацовски, но и веќе обвинетите Катица Јанева и Боки 13 со која се врши притисок врз неколку бизнисмени во Република Македонија, состојба од која некој има дебела финансиска корист.
Кога ќе отворат истрага од обвинителството на Јовевски за овој случај по допрен глас? Кога ќе ги повикаат сите инволвирани во овој случај на РЕКЕТ да дадат своја изјава и да се доведе целиот случај до самиот крај?

Ова е веќе нов аспект на случајот Рекет кој има свое продолжение во вид на урбанистички рекет, за кој постојат и сериозни индиции и сериозни сомнежи, но и јавни наводи од страна на жртва. Обвинителството за ова молчи исто како што молчеше и за случајот рекет се дури не излегоа доказите во медиуми.

Зоран Заев по се изгледа е дебело загазен во криминалите кои што ги правел Боки 13, Катица Јанева, но новите ликови со кои се шират приказните со нови и нови ликови од неговото блиско опкружување.

Криминалниот октопод, ако не сака ова обвинителство на Русковска и Јовевски да го разобличи, ќе биде разобличено после 12 април, кога ќе заврши политичкиот притисок кој што го врши Заев врз правосудството“ рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пуштена во употреба нова медицинска опрема во болницата во Куманово

Објавено пред

Во болницата во Куманово денеска беше пуштена во употреба нова медицинска опрема. Станува збор за ендоскопски столб и видео ларингоскоп кои наоѓаат примена во интервенции на повеќе типови заболувања.

„Континуирано вложуваме во современа медицинска апаратура, со што обезбедуваме точна и прецизна дијагностика и соодветен третман на пациентите. Ги подобруваме условите во установите, ги зајакнуваме бројноста и капацитетите на здравствените работници. Со ваков влог, секојдневно придонесуваме кон унапредување на здравствената заштита на пациентите. Двата нови медицински апарати за Општата болница во Куманово ќе овозможат навремена здравствена заштита за граѓаните на Куманово и попрецизна изведба на интервенциите за кои се наменети  ендоскопскиот столб и видео ларингоскопот“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Ендоскопски столб се користи за повеќе видови ендоскопски интервенции, како лапароскопски операции на жолчно ќесе, но и за гинеколошки лапароскопски интервенции и за артроскопски интервенции кај ортопедски пациенти.

„Новиот столб е пософистициран, со подобра и попрецизна визуализација на телесните шуплини каде се врши интервенцијата. Наша придобивка е што истовремено, во две операциони сали ќе може да се вршат лапароскопски операции, наместо да се чека и еден апарат да се пренесува од една во друга операциона сала“, рече директорката на болницата, Снежана Захариева.

Видео ларингоскопот е наменет за одделот за анестезија и реанимација. Се користи за полесно обезбедување на дишен пат кај пациенти под општа анестезија и кај животозагрозувачки пациенти со компромитирано дишење.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ременски по увидот: На ниту еден документ од доказите немам ставено потпис

Објавено пред

Пратеничката Фросина Ременски по повеќе од три и пол часа заврши со увид во доказниот материјал. Таа не сакаше да ја коментира обемноста на материјалот, ниту што има во доказите.

„Јас на прашања ќе одговорам кога ќе дадам изјава пред јавен обвинител. Видов сè освен докази. На ниту еден документ дел од доказите немам ставено потпис“, рече таа.

Ременски не сакаше да одговори дали се има среќавано со бизнисмените кои се оштетени во случајот со невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски.

Таа не сакаше да коментира ниту за 750 илјади евра кои наводно биле префрлени на сметка кај пензионерка од Скопје.

Во однос на документите од УБК, кои беа пронајдени во нејзниот дом, Ременски рече дека истите не се класифициран материјал.

Исказ пред обвинителката Русковска, пратеничката треба да даде утре.

Ременски во петокот рече дека медиумите прават фама од случајот со „Меѓународниот сојуз“ и ги посоветува да се интересираат и за други предмети. Таа не сакаше да каже дали е злоупотребена од страна на Бојан Јовановски, коментирајќи дека на тоа ќе одговори кога ќе треба.

Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени пет физички лица, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

На Ременски и е одземен пасошот, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефона, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Ременски по увидот: На ниту еден документ од доказите немам ставено потпис

Пратеничката Фросина Ременски по повеќе од три и пол часа заврши со увид во доказниот материјал. Таа не сакаше да...

Македонија1 час

Ексминистерот Ацо Спасеновски нелегално исплатил над 7,3 милиони денари на фирма за мониторинг и истражувања

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски, е осомничен дека со лажни извештаи за мониторинг овозможил исплата на...

Македонија2 часа

Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците да користат мобилни телефони

Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта...

Топ3 часа

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија3 часа

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија5 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да...

Свет6 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет6 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет6 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија18 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ22 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија23 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Досие