Спорт
Доделени наградите 13 Ноември од областа на спортот
Наградите 13 Ноември за најуспешни спортисти денес во ресторанот Ања во Градскиот парк беа доделени од страна на Сојузот на спортови на град Скопје
Наградите за најуспешни спортисти и спортски работници во поединечни категории 13 Ноември и оваа година свечено беа доделени во ресторанот Ања во Скопје. „Спортот во Скопје официјално датира од 1909 година кога и бил одигран фудбалски натпревар помеѓу две екипи од турскиот аскер, но се забележани и натпревари на народни вештини и во 18 век.“ изјави Ѓорѓи Кузмановски претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје. Наградата 13 Ноември за најдобар спортист ја освои боксерот Примислав Димовски за освоеното петто место на СП во бокс кое се одржа во Милано. Спортист на посебни достигнувања наградата ја доби Д-р Сашко Кедев, за подвигот искачување на Монт Еверест, и Томи Стефановски за препливувањето на Ла Манш. Сашко Кедев на Сојузот на спортови на Скопје му подари слика од моментот кога се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, а која ќе биде врамена во просториите на сојузот. „Наградата 13 ноември ја добивам по трет пат во мојата кариера но овојпат за посебни достигнувања, за препливувањето на Ла Манш, и секако дека ми значи оваа награда. Навистина е во ред кога гледаш дека некој ги почитува твоите достигнувања, а во спортот тоа се гледа со добивањето на многу награди“ изјави пливачот на маратони Томи Стефаносвки.„Оваа награда ми е втора по ред, но по долги години. Имав доста голема пауза во кариерата и ова навистина дојде како признание и сатисфакција за тоа што јас по толку време се вратив на спортот. Иако сум на залезот на мојата кариера очекувам во наредните 2-3 години да ги постигнам можеби најголемите успеси и резултати во мојата кариера. Ми престои олимписки циклус, но имаме во план да дадеме се од себе и да стигнеме до олимписките игри“, изјави боксерот Примислав Димовски.Наградата 13 Ноември во категоријата тренери ја освоија Руждија Калаш од боксерскиот клуб „Скопје“, Бошко Заборски од областа на каратето .Наградата за особен придонес и развој на спортот ја добија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски,и Драган Ѓурчевски директор на Агенцијата за млади и спорт. „Навистина ми е голема чест што, денес за прв пат како градоначалник на Скопје учествувам на една од најстарите свечени спортски манифестации. Градот Скопје и понатаму ќе настојува да го поддржува и поттикнува спортот, спортските активисти, организатори“, изјави градоначалникот Коце Трајановски. Признанието за особен придонес во спортот го добија Владо Аницинов од асоцијацијата на лекари и победник на интернационалниот трунир на лекари-тенисери, Живко Поповски и претставниците на спалеолошкото друштво “Врело“, за успешната експедиција во 2009 година. Наградата 13 Ноември за професори по физичко воспитување ја добија: Светлана Илиевска професор во ОУ „Владо Тасевски„, Розалија Ангеловска од ОУ „Живко Трајковски“ и Љупчо Станковски професор во „Методиј Метовски- Брицо“. Наградата 13 Ноември спортски работници ја добија Петар Забарзовски, од кајакарскиот клуб „Илинден“, Стефан Поликовски сорабник во областа на ватерполото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис прв ќе стартува во спринт трката, Антонели втор, Пајстри трет
Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот.
Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес Џорџ Расел.
Макс Верстапен, актуелниот шампион, беше само шести, иако имаше најдобро време во првиот сектор, потоа направи грешка, па ќе стартува зад Фернандо Алонсо кој имаше одлично квалификации со Астон Мартин.
Спринтот е закажан за сабота во 15 часот. Главната трка ќе се вози во недела од 16:30 часот.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.

