Македонија
Македонија претседавач со Енергетската заедница
Република Македонија го презеде претседателството со Енергетската заедница, кое почнувајќи од 1 јануари 2010 година ќе трае во период од една година.
Република Македонија го презеде претседателството со Енергетската заедница, кое почнувајќи од 1 јануари 2010 година ќе трае во период од една година.
Претседателството официјално го презеде во петокот македонскиот министер за економија Фатмир Бесими по завршување на седмиот состанок на Министерскиот совет на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ), кој се одржа во Загреб.
Ова е второ претседавање на Македонија со ЕЕЗ и претставува своевидно признание за политиката која ја креира ресорното министерство во насока на реформа на енергетскиот систем во Македонија и хармонизирањето на националното со европското законодавство
На состанокот посебно беше потенцирана потребата од инвестирање и изградба на регионални проекти од областа на енергетиката и создавање предуслови за влез на приватен капитал во овој сектор
Една од неизбежните теми на овој Министерски совет беше сигурноста во снабдувањето за зимскиот период 2009-2010, што поттикна широка дискусија.
Министерот Бесими ги образложи приоритетите на македонската Влада во делот на натамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија, со цел либерализација на пазарот на енергија во Македонија и создавање на стабилна регулаторна рамка, со крајна цел – потикнување на инвестиции во реализација на стратешките енергетски проекти и заштита на потрошувачите.
Министерскиот совет е највисока институција формирана во рамките на Договорот за основање на енергетската заедница, во кој членуваат министри на земјите потписнички на Договорот, набљудувачите на Енергетската заедница, земјите членки на Европската унија и Европската комисија. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

