Европа
НАТО ѝ нуди помош на Украина, но не и оружје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ѝ вети во вторникот на Украина помош да се одбрани од рускојазичните бунтовници на истокот од земјата, но го разочара оние сили во Киев коишто од Западот очекуваат помош во оружје, што според оцените може да го наруши кревкото примирје.
Во раскошната позлатена сала на претседателската палата, генералниот секретар Јенс Столтенберг пред украинскиот Совет за национална безбедност порача дека Киев нема поблизок партнер од НАТО, пренесува Reuters. Притоа потпиша низа договори за модернизација на украинските вооружени сили.
„НАТО не дава ниту испорачува оружје“, рече Столтенберг во разговорот за Reuters пред средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко и безбедносниот врв, истакнувајќи го симболичниот карактер на својата прва посета на Украина како генерален секретар на Северноатлантскиот сојуза, година ипол откако црноморскиот полуостров Крим се присоедини на Русија, што Западот не го признава и го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
„Главниот фокус сега е на спроведувањето на договорите од Минск“, вели Столтенберг, додавајќи дека понеделникот први првиот ден од потпишувањето на договорот во февруари во кој не е пријавено ниедно прекршување на прекинот на огнот. Според него, „намалувањето на насилствата на истокот од Украина е можноста за нов залет на дипломатијата“.
Планот на Украина во присуство на Столтенберг да се усвои новата воена доктрина, документот во кој Русија се идентификува како единствен агресор врз Украина и нејзин долгорочен противник стратешки, е откажано за да не му се создаваат непријатности на генералниот секретар на НАТО.
Меѓутоа претседателот Порошенко и другите високи украински функционери, иако прифаќаат дека Украина не може да очекува директна воена помош, бидејќи не е членка на НАТО, ја опишаа својата земја како „штит пред руската агресија, којашто еден ден би можела да им се закани на другите делови од европскиот континент“.
„Де јурен исе не сме сојузници, но де факто ние сме многу повеќе од партнери. Украина е најисточната база на евроатлантската област“, рече Порошенко.
Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук, кого Москва го обвинува за воени злосторства сторени против руски војници во војната во Чеченија кога наводно учествувал во сепаратистичкиот бунт на исламистите од оваа кавкаска руска република, велејќи дека земјата мора да се брани од Русија, којашто негира дека ги вооружува украинските бунтовници.
„Неопходни ни се одбранбени капацитети, бидејќи сме соочени со нуклеарна сила, којашто потроши десетици милијарди долари на модернизација на својата армија“, рече Јаценјук.
Столтенберг, пак, рече дека Украина ја смета за најсложената од многуте европски кризи и истакна дека го поддржува мировниот договор од Минск во 12 чекори кој треба да биде спроведен до крајот на годинава. Според него, главната улога на НАТО ја смета помошта во обновувањето на украинската армија по повеќегодишното нејзини занемарување.
Соборениот украински претседател Виктор Јанукович, во 2010 година се откажа од идејата земјата да му се придружи на НАТО, за да ја смири Русија којашто жестоко се противи на приближувањето на Алијансата на нејзините граници и го обвинува Брисел дека со тоа отстапува од меѓусебниот договор, особено по распаѓањето на некогашниот идеолошки спротиставен Варшавски договор.
Сегашното прозападно водство во Киев гои смета членството во НАТО за единствен начин да ја заштити својата територија. Меѓутоа, јасно е дека НАТО во овој момент не сака да ја провоцира Москва, во услови на зголемени глобални безбедносни закани, како што е на пример борбата против терористичката Исламска држава./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

