Спорт
Куп изненадувања во женска конкуренција
Осминафиналето во женска конкуренција на ЕП во пинг понг во Чешка донесе елиминација на фаворитките.
Осминафиналето во женска конкуренција на ЕП во пинг понг во Чешка донесе елиминација на фаворитките. Првенката на Европа од минатата година Јиадуо Ву од Германија нема да ја брани титулата откако со 4:3 беше совладана од Унгарката Георгина Пота. Ву го загуби од истата противничка мечот и во екипна конкуренција. Сега во сингл таа водеше со 2:0 и 3:1, но Пота доби три сета по ред од кои последните два на разлика. И втората носителка Јанфеи Шен од Шпанија рано ги заврши натпреварите поразена од Кристин Силберајсен (Гер) со 2:4 по водството од 2:0. Осминафиналето значеше крај за натпреварите и за најпријатното изненадување Хрватката Матеја Јегер, која има само 15 години, а се пласира меѓу 16 те најдобри во европа, но загуби од поискусната натурализирана кинеска од Шпанија Зу Фанг.
Резултати жени сингл осминафинале: Пота (Унг.) – Ву (Гер.) 4:3, Павлович (Блр.) – Ли (Пол.) 4:2, Фанг (Шп/) – Јегер (Хр.) 4:0, Ху (Тур.) Ли (Хол.) 4:1, Паускиене (Лит.) – Тихомирова (Рус.) 4:3, Ксу (Пол.) – Самара (Ром.) 4:3, Лиу (Авс.) – Ни (Лукс.) 4:3, Силберајсен (Гер.) – Шен (Шп.) 4:2. /Крај/ап/м.н./ Парови четвртфинале: Додеан/Самара (Ром.) – Бавлович/Ганина (Блр/Рус.) 4:1, Ли/Тимина (Хол.) – Ху/Партика (Пол.) 4:2, Паускиене/Фадеева (Лтв/Рус.) – Силберајсен/Бартел (Гер.) 4:3, Тот/Пота (Унг.) – Ваценковска/Стрбикова (Пол.) 4:3,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.