Економија
Здравев поднесе оставка од директорското место во „МЕПСО“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/f19612f2-76a9-4f98-ad13-6b17c56e1bd2.jpeg)
Директорот на „МЕПСО“ Владимир Здравев денеска поднесе оставка на функцијата, образложувајќи дека ги реализирал сите проекти што ги планирал во компанијата.
Директорот на „МЕПСО“ Владимир Здравев денеска поднесе оставка на функцијата, образложувајќи дека ги реализирал сите проекти што ги планирал во компанијата.„Поднесувам оставка од функцијата генерален директор на АД „МЕПСО“, што значи дека воедно се повлекувам од претседателското место во Управниот одбор на таа компанија. Оставката ја поднесувам зашто така одлучив откако ја реализирав агендата за финансиска консолидација на компанијата и за имплементација на повеќе инвестициски проекти во преносната мрежа на АД “МЕПСО“. Останувам целосно фокусиран на внатрепартиски активности и на ангажмани на проекти на ВМРО-ДПМНЕ„, изјави Владимир Здравев.Оставка од Здравев уште во јуни побара Државната комисија за спречување корупција, бидејќи утврди судир на интереси меѓу двете функции на Здравев, директор на „МЕПСО“ и претседател на Советот на општина Центар. Здравев на позиција на директор во „МЕПСО“ дојде од Агенцијата за акредитација, а истовремено беше и советник во Управата за јавни приходи и е се уште претседател на Советот на општина Центар./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/13-1.jpg)
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претставници на германската КfW банка, на која се разговараше за можностите за идни инвестиции во енергетскиот сектор, како и за поддршката на банката во процесот на трансформацијата на АД ЕСМ во рентабилна и модерна компанија.
На состанокот, претставниците на КfW ја потврдија својата посветеност за соработка со Македонија во областа на одржливата енергетика. Тие ја истакнаа важноста на стратешките инвестиции кои ќе придонесат за модернизација на енергетската инфраструктура и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.
КfW банката веќе учествува во значајни енергетски проекти во земјава, како што е финансирањето на втората фаза од ветерниот парк Богданци и изградбата на фотонапонската електрана Битола 2. Овие инвестиции, вредни 55 милиони евра, ќе обезбедат дополнителни капацитети за обновлива енергија, зајакнувајќи ја енергетската независност на земјата.
Ветерниот парк Богданци, со новите турбини, ќе го зголеми своето производство на електрична енергија, додека фотонапонската централа Битола 2, која ќе биде завршена во 2027 година, ќе произведува до 90 GWh годишно – доволно за снабдување на 20.000 домаќинства.
Од КfW банката ја нагласија заложбата за поддршка на македонската влада во исполнување на климатските и енергетските цели, усогласени со европските стандарди.
Средбата заврши со согласност за продолжување на соработката, особено во делот на инвестиции во обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.
Економија
Трипуновски: Визионерски се работи да се зголеми сточниот фонд, во новата програма предвидени се зголемени субвенции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-152638.jpg)
„Ако пред десетина години сточниот фонд на крупна стока во државата изнесуваше околу 260.000 грла, денес по седум години погубни политики на минатата власт сточниот фонд изнесува нешто помалку од 140.000 грла“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање.
„Имаме сериозен пад на млекопроизводство, тоа е се резултат на погрешни политики, лоша земјишна политика, неисплата на субвенциите, без конкретни мерки и програми. Но, тоа време заврши и изминатите 6-7 месеци како власт работиме интензивно како да го вратиме сточарството во Република Македонија и млекопроизводството меѓудругото како еден од најважните производи“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека субвенциите не се намалени туку напротив се зголемени.
„Во минатогодишната Програма субвенцијата за грло крупна стока изнесуваше 12.000 денари за крава и 5 денари за литар млеко предадено во преработувачки капацитет. Оваа година во Програмата за 2025 година поддршката изнесува за грло 8.000 денари и 6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети“, истакна тој.
Посочи дека ако една крава има просечно лактација од 6.000 литри во текот на годината, ако се помножи 6.000 литри со 6 денари субвенција која што е предвидена во Програмата за 2025 година тоа се 36.000 денари. И кога на тие 36.000 денари се додадат и дополнителните 8.000 денари за грло крава се добива сума од 44.000 денари.
Министерот додаде дека според старата Програма субвенцијата изнесуваше 12.000 денари по грло и субвенција од 5 денари за предадено литар млеко, тогаш сточарите земале само 42.000 денари.
„Оваа година за првпат ја воведуваме мерката за оставено женско теле, односно можност за зголемување на основното стадо на секој еден фармер. Сумата која што ќе ја добие секој еден фармер за оставено женско теле е 3.000 денари дополнителна субвенција“, најави Трипуновски.
Тој нагласи дека Министерството визионерски работи на зголемување на сточниот фонд во Република Македонија.
Економија
Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/market-guzva-korona-5.jpg)
Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но, истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.
„Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес и да трае заклучно до 30.04.2025 година“, велат од Владата.
Влада им препорача на сите маркети да почнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.
„Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кои од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите“, велат од Владата.
Дополнително Владата го задолжи и Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други кај што ќе може да се разгледуваат и други предлози и мерки коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба.