Свет
Блокирана сметката на општината Куманово
Поради експропријација на земјиште во населбата Зелен Рид во Куманово, кое требало да биде наменето за изградба на училиште, веќе цела недела е блокирана сметка на кумановската општина. Се работи за 15 милиони денари, од кои 11 милиони веќе се прелеани.
ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА СТАРА 24 ГОДИНИ
Поради експропријација на земјиште во населбата Зелен Рид во Куманово, кое требало да биде наменето за изградба на училиште, веќе цела недела е блокирана сметка на кумановската општина. Се работи за 15 милиони денари, од кои 11 милиони веќе се прелеани.
Локалната самоуправа тврди дека и покрај блокадата, општината нормално функционира, меѓутоа можно е да се закочат поголемите инвестиции. Сметката е блокирана од 31 јули.
– Освен парите што ги добиваме по основа на ДДВ, други средства не можеме да користиме до целосното исполнување на судското решение, по што ќе се деблокира сметката – вели Виктор Божиновски, секретар на општината Куманово.
Се работи за експропријација на земјиште од 1982 година, а според Божиновски, поради неажурноста на судството, ваквото решение дури сега станало извршно. Постапката, вели тој, траела цели 24 години, решението дури сега станало извршно и било доставено до Народната банка. Со експропријацијата, имотот во тоа време требало да стане училиште.
– Нема никаква логика во судското решение. Чудно е по која основа општината можела да е задолжена со таква работа, бидејќи државата ја барала експропријацијата, особено министерството за образование, а била предвидена изградба на училиште. Тоа не се изгради, земјиштето е се уште празно и во сопственост на РМ – вели Божиновски.
Блокадата може да доведе и до застој на проекти што се изработуваат од страна на локалната самоуправа.
– Тука е пред се изградбата на речното корито и на булеварот 3 МУБ, кој е во изградба и се прави со пари од локалната самоуправа. Ќе има само мало одложување, поради големата сума, која е предмет на извршувањето – вели Божиновски.
И покрај блокираната сметка, сите вработени во општината зеле плата, а локалните власти сметаат дека тие како најголема општина ќе ги надминеле ваквите проблеми.
М. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени
Меѓуградски автобус се излизгал од патот во турската провинција Анталија, при што се повредени 33 лица, јави денеска ТРТ Хабер.
Несреќата се случила во областа Газипаша, во моментот кога автобусот се движел од Анталија кон Адијаман во источна Турција.
„Возачот на автобусот изгубил контрола, а возилото се излизгало од патот во ендек. Во несреќата се повредени над 30 патници, како и возачот и двајца негови помошници“, објави ТВ каналот.
Осуммина од повредените се малолетни.
Повредените се префрлени во блиските болници, додава ТРТ.
Европа
(Видео) Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага
Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метро станиците во белгискиот главен град.
На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот калашников на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови.
Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.
La vermine gangrène #Bruxelles. Le Gouvernement Arizona va prendre les mesures pour nettoyer les rues. Ce sont les bandes criminelles et les racailles qui doivent avoir peur. Vous n’aurez pas une seconde repos.
Pendant ce temps, certains estiment ne pas devoir faire un… pic.twitter.com/z3VmRdO30y— Georges-L BOUCHEZ (@GLBouchez) February 5, 2025
Според првичните информации нема повредени.
Портпаролката на бриселската полиција Сара Фредериккс рече дека осомничените побегнале во метро станица и можеби се уште се во тунелите на метрото.
Таа додаде дека во престрелката нема повредени. Локалната полиција и федералната железничка полиција ја пребаруваат областа.
Станицата Клеменсо е затворена, како и блиската станица Брисел-Миди, која служи и како терминал за возовите на Еуростар.
Свет
Кина се противи на предлогот на Трамп за принудно раселување на Палестинците од Газа
Кина се противи на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно раселување на Палестинците од Појасот Газа и се залага за решение со две држави, Палестина и Израел, како одговор на постигнување траен мир на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.
„Се надеваме дека сите релевантни страни ќе го прифатат прекинот на огнот во Газа и повоената администрација како можност за враќање на палестинското прашање на вистинскиот пат на политичко решение засновано на решение со две држави за да се постигне траен мир на Блискиот Исток“, рече Лин.
Тој посочи дека Кина смета дека „Палестинците треба да управуваат со Палестина“, што, како што наведе, треба да биде основен принцип за повоена Газа, пишува Global Times.
Трамп предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.