Свет
Пет деца загинаа во свлечиште во Уганда

Пет деца од ист дом беа убиени во свлечиште во Уганда, кое ги погодило додека спиеле, а нивните родители преживеале, јавува Асошиејтед прес
Регионалниот координатор на Црвениот крст, Кевин Набутува вели дека четирите момчиња и едно девојче биле на возраст од три до 13 години. Нивните родители спиеле во другата соба и затоа преживеале.Областа во која живееле несреќните деца е на 280 километри источно од престолнината на Уганда, Кампала оваа година веќе беше поприште на едно катастрофално свлечиште. Во март, 300 луѓе загинаа во истата област, но во друго село. /крај/ап/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот министер за одбрана: Ова е клучен момент во историјата на Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави непосредно пред почетокот на нападот врз Иран дека ова е „клучен момент во историјата на Државата Израел и во историјата на еврејскиот народ“.
„По преземањето на функцијата, спречувањето на нуклеарната програма на Иран го направив апсолутен приоритет“, рече Кац, додавајќи дека „Иран е порешителен од кога било да ја реализира својата визија за уништување на Израел“.
Тој додаде дека Израел е во „критична точка“ и предупреди: „Ако ја пропуштиме, повеќе нема да имаме начин да го спречиме Иран да добие нуклеарно оружје што би го загрозило нашето постоење“.
Тој заклучи дека Израел дејствувал против сојузниците на Иран во регионот во изминатите година и пол, но дека сега „се справува со главата на змијата“.
Свет
Трамп: Знаевме однапред за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но нагласи дека американската војска не била вклучена во операцијата.
Трамп рече дека САД сè уште сакаат да се вратат на преговарачката маса со Иран за да ја ограничат неговата нуклеарна програма.
„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговорите. Ќе видиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека неколку ирански лидери биле убиени во нападот и коментираше дека „некои од раководството никогаш повеќе нема да ги видиме“.
Трамп исто така рече дека неговата администрација контактирала со клучен сојузник на Блискиот Исток кратко пред нападот, но не откри за која земја станува збор.
Свет
Убиен е висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер во земјата, е убиен во израелски напад.
Багери е втората висока воена личност за која се знае дека е убиена во невидените израелски напади врз Иран преку ноќ.
Претходно, иранските државни медиуми објавија дека е убиен и генералот Хосеин Салами, командант на Иранската револуционерна гарда (IRGC).