Спорт
Жуков и Тупурковски потпишаа договор за соработка

Претседателот на Рускиот Олимписки комитет и актуелен потпретседател на Владата на Русија Александар Жуков и Васил Тупурковски Претседател на МОК потпишаа договор за соработка од областа на олимпизмот и спортот.
Претседателот на Рускиот Олимписки комитет и актуелен потпретседател на Владата на Русија Александар Жуков и Васил Тупурковски Претседател на МОК потпишаа договор за соработка од областа на олимпизмот и спортот.Овој договор беше официјално потпишан во Сочи, градот домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година, и во него се предвидени многу поволности кои македонските олимпијци би ги искористиле во наредните четири години. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Варди официјално е играч на Кремонезе

Легендарниот напаѓач, Џејми Варди ќе игра едно од последните поглавја од својата кариера. За прв пат тој ќе игра во странство. Дестинацијата е многу романтична, во согласност со неговата животна приказна.
Имаше многу гласни приказни за фактот дека иконата на Лестер и Премиер лигата ќе потпише за Кремонезе пред крајот на преодниот рок, а сега сè е официјално. Варди ќе го носи дресот на повратникот во Серија А следната сезона, и ќе се обиде да придонесе за остварување на целта, опстанок во елитата.
Фудбалерот од Шефилд одигра 500 натпревари за својот сакан тим Лестер, со напаѓачки настап од околу 200 гола и 71 асистенција. Тој ги освои и ФА Купот и Комјунити Шилд, стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите и беше најдобар стрелец на англиската елита на 33 години, најстар во историјата. Кулминација на неговата кариера беше во 2016 година кога Лестер сензационално ја освои Премиер лигата.
Тој го имаше своето деби за Гордиот Албион на 28 години, а осум пати ја погоди мрежата во 26 настапи. Тој исто така настапи на Европското (2016) и Светското (2018) првенство.
Сиво-црвените брилијантно влегоа во новата сезона, со две победи над Милан (2:1) и Сасуоло (3:2).
Foto/ U.S. Cremonese, X screenshot
Спорт
Црвена звезда од продажба на играчи ќе заработи над 50 милиони евра

Фудбалскиот клуб Црвена звезда, во летниот преоден рок заработи еден куп пари. Црвена звезда од продажба на фдбалери заработи 43.500.000 евра. Реално е да се трансферираат 50 милиони, а тоа ќе се случи доколку клубот го напушти напаѓачот Шериф Ендиај. Одлуката во врска со трансферот на Сенегалецот сè уште не е донесена, а преодниот рок во Обединетите Арапски Емирати трае до 1 октомври.
Учесникот во главната фаза во Лигата на шампионите, Карабаг покажаува сериозен интерес за напаѓачот од Сенегал.
Рокот за фудбалерите да се регистрираат за натпреварувањето во Лигата на шампионите истекува во вторник на полноќ, а прашањето е дали азербејџанскиот шампион може да си дозволи да издвои 8.000.000 евра колку што Црвена звезда бара за Ендиај.
Звезда собра две третини од своите приходи ова лето од двајца фудбалери и двајцата од младинската школа.
Најпрвин рекорд постави Андрија Максимовиќ со трансфер од 14.000.000 евра во Лајпциг, а од вчера нов клупски рекордер е Вељко Милосављевиќ (Борнмут, 15.000.000).
Трансферот на Шериф е во тек, а клубот можат да го напуштат и Фелисо Милсон, голманот Омри Глазер, Јегор Прицев и Владимир Лучиќ.
Ова значи дека црвено-белите можат да приходуваат и 60 милиони евра.
Фото/ Старспорт
Спорт
ПСЖ се договoри со Тотенхем, Коло Муани се сели во северен Лондон

ПСЖ повторно го испрати на позајмица Рандал Коло Муани (26). Репрезентативецот на Франција ја помина втората половина од минатата сезона во Јувентус.
Цело лето Коло Муани чекаше Јувентус да се договори со ПСЖ. Откако клубовите не постигнаа договор, а Јувентус за 40 милиони евра го донесе Лоис Опенда, Коло Муани прифати да се пресели во Тотенхем.
Фабрицио Романо објави дека Спарс ќе му плати на ПСЖ пет милиони евра и дека во фоговорот нема опација за откуп на договорот.
ПСЖ плати 95 милиони евра за Коло Муани кога го купија од Ајнтрахт на последниот ден од летниот преоден рок. Оттогаш, тој одигра 54 натпревари за ПСЖ и постигна 11 голови.
Фото/ EPA/RICCARDO ANTIMIANI