Македонија
Керим: Директен разговор меѓу Македонија и Грција
Спорот со името може да се реши со директни разговори меѓу Македонија и Грција, рече Срѓан Керим, поранешен претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на денешното предавање на универзитетот ФОН.
Спорот со името може да се реши со директни разговори меѓу Македонија и Грција, рече Срѓан Керим, поранешен претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на денешното предавање на универзитетот ФОН. „Тоа е не само дипломатска туку и државна потреба и треба да има вклучено и некој од клучните фактори кои би биле, некоја врска, како кумови или сведоци на таа работа. Без тоа јас не гледам никакво решение“, рече Керим. Керим смета дека постојат повеќе варијанти за кои може да се седне и да се разговара со Грција. Рече дека во наш интерес е проблемот да се надмине. „Јас да сум во таква ситуација не би бегал, туку би го барал тоа, ако бегаат Грците би ги влечел да ги седнам на маса да го решиме ова оти друго нема, а нам ни е во интерес и треба да го решиме“, рече Керим. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинските премини Ѓавато и Пресека, како и во Страцин, Прилеп, Кочани и Струмичката котлина.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 09:00 до 12:30 часот дел од корисниците од ул. 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари );
Во период од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Улица Бутелска 13 и Улица Бутелска-крак Серава(општина Бутел);
Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ГОРНО СОЊЕ – ул.8(општина Сопиште);
Во период од 08:00 до 14:00 часот корисниците од ул.Никола Малешевски, сите 4 влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, Ул.Ферид Мурати бр.4 (пензионерски дом Чаир),и Средно училиште Цветан Димов(општина Чаир);
Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор(општина Ѓорче Петров);
Во период од 08:30 до 09:00 часот дел од корисниците од Ул. Архепископ Доситеј зграда број 2(општина Бутел).
Македонија
Променливо облачно време со минимални температури до -1
Променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок.