Свет
Ирак заплени оружје од приватни фирми за обезбедување во Багдад
Ирачките сили за безбедност заплениле стотици парчиња автоматски пушки, муниција и друго оружје во акција против приватни фирми за обезбедување во Багдад, кои работеле врз основа на договор со ирачката Влада
Полицијата влегла во три објекта во главниот град Багдад, откако американскиот сојузен суд кој целосно ги отфрли обвиненијата против пет припадници на приватната Blackwater Worldwide, сега Xe Services, за убиство на 17 ирачки цивили во септември во 2007 г. на повеќе од десет цивили.Цел на операцијата на ирачките сили се приватните компании за обезбедување, на кои им се одмземени или не им се обновени дозволите за работа во територијата на Ирак.„Фирмите, чија дозвола за работа е истечена немаат право да пристапат ниту еден метар во внатрешноста на Багдад, ниту, пак, да поседуваат какво било оружје“, изјави портпаролот на багдадаските сили за безбедност, Касим ал Мусави. Тој не даде информација за тоа на колку фирми им е истечена лиценцата за работа и не ги наведе нивните имиња.Ирачките власти честопати протестираат против однесувањето на приватните обезбедувачи, кои се обвинувани за пречекорување на употребата на сила, за насилство, поседување дроги итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.