Контакт

Македонија

Анализата за спојување на Т-Хоум и Т-Мобиле разгледана од Одборите на директори

Објавено пред

Евентуалното спојување на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија во една компанија во иднина би било поволно, но сепак, правното спојување сè уште не е одобрено.

dobivaj vesti na viber

Евентуалното спојување на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија во една компанија во иднина би било поволно, но сепак, правното спојување сè уште не е одобрено.

Ова беше констатирано на денешните состаноци на Одборите на директори на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија.

Како што информираше Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, Жарко Луковски не е завршена анализата на трошоците на целата интеграција.

Македонската влада мора да ги има во предвид сите анализи пред да донесе одлука дали е во нејзин интерес, како малцински акционер, да дојде до спојување на двете компании, рече Луковски.

Тој не можеше да прецизира дали со евентуалното спојување на двете компании ќе дојде до отпуштања на вработените, но нагласи дека целта на таквиот процес не била да  се кастрат трошоците, туку подобро позиционирање на пазарот.

На денешниот состанок, Жарко Луковски беше именуван за Главен извршен директор на  Т-Мобиле Македонија, а ќе стапи на функцијата од 1 април 2010 година.

Истовремено Луковски ќе ја напушти позицијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје.

Досегашниот Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Мајкл Лоренс, успешно ја извршуваше својата менаџерска функција во компанијата од 2004 година.

Клаус Милер, кој во исто време ја извршува функцијата Раководен директор за клучни прашања во Македонски Телеком АД – Скопје, е именуван за нов Главен оперативен директор на Т-Мобиле Македонија. Милер е избран и за Извршен член на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.

Исто така, денеска следните лица беа именувани на позиции во Т-Мобиле Македонија: Бранка Павошевиќ за Главен директор за човечки ресурси, Славко Пројкоски за Главен директор за финансии, Матијас Ханел за Главен директор за маркетинг и Мирослав Јовановиќ за Главен директор за ИТ. Габор Алтман беше именуван за Главен директор за продажба на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија./крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Објавено пред

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија.

dobivaj vesti na viber

Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на седницата Даути ја образложи својата оставка.

Од Европскиот фронт посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на Илире Даути и го осудија потегот на Гаши.

Од „Влен“ попладнево велат дека оставката е признавање на слабост и показател за неодговорност.

„Илире Даути, позната во својот клуб како челичната дама, денеска стана ‘рѓосана заедно со целиот Европски Фронт, прифаќајќи ја нејзината оставка и жалејќи што помогнала да се блокира Законот за бранителите. Иако главниот товар за оваа блокада го понесе претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ВЛЕН и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин“, велат од „Влен“.

Од тука потсетија дека како пратеничка група гласаа против интерпелацијата на Илире Даути, а таа самата ce разрешила за да биде виктимизирана, затоа што тоа е единствената улога што знае најдобро да ја одигра.

„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за Бранителите. Таа врескаше во Собранието со зборовите: ‘гонете се’, додека не замина сама. Илире, кога не си способна и немаш потенцијал да ја водиш Комисијата, најдобро е по твојата оставка од Комисијата да следи и оставка од Собранието“, додаде „Влен“.

Прикажи повеќе...

Македонија

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

Објавено пред

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари, според податоците на Институтот за јавно здравје.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од Бадник до почетокот на оваа седмица биле пријавени 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.

Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15-64 години, 179 кај деца на возраст од 5-14 години, 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на
возраст над 65 години.

Најголем е бројот на заболени во Скопје (305), а потоа во Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи: постарите лица (над 65 години); деца на возраст од 6-59 месеци; лица постари од 6 месеци со хронични болести; бремени жени, и здравствени работници.

Заклучно со втората недела од оваа година, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Љутков: Градиме стратегија со која Вардарскиот регион и Градско ќе прераснат во бисер на транзитниот туризам

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Акан Махмут, денеска остварија работна посета на Општина Градско, при што со градоначалникот Киро Нацков разговараа за можностите на оваа стратешки поставена општина во насока на развивање на транзитниот туризам и афирмација на културното наследство.

dobivaj vesti na viber

На средбата со градоначалникот беше истакната важноста на транзитниот коридор каде што е Општина Градско и уникатните можности што овој регион ги има за привлекување туристи и промоција на природните убавини, културното богатство, црквите, манастирите, гастрономијата, нашите локални производи и специјалитети.

„Општина Градско ја развива соработката со институциите, бизнис-секторот и со сите заинтересирани страни, а сè со цел да го создаде најдобриот амбиент за развој на туризмот во овој регион“, истакна министерот Љутков кој го посети ранчот со коњи во сопственост на Васко Величковски, кој од неодамна во овој регион го промовира проектот „Шерпа хорс рајдинг“, застапуван од КК „Бистра“ – Галичник. Проектот содржи две планински тури со коњи, а е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка на мали и средни претпријатија – ИМЕ. Атрактивните тури за посетителите се до врвот Клепа, со неверојатен поглед на тиквешките лозја, и турата „Дионис“ која опфаќа посета на познатите винарии.

Во рамките на посетата на овој регион, министерот Љутков и националниот координатор Махмут беа запознаени со можностите што ги нудат винските патеки, долгата традиција во производство на висококвалитетни вина во винариите „Стоби“ и „Лазар“, но и во семејните винарии околу Градско. Стана збор дека тие се гордост на македонската винска индустрија, а туристите сè повеќе покажуваат интерес за вински тури, дегустации и запознавање со процесот на производство.

Посетата на Градско опфати обиколка и на дел од културниот потенцијал на општината, каде што е и манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ од 17 век, како и најголемиот и најзначаен археолошки локалитет „Стоби“.

Министерот Љутков истакна дека овој локалитет е од особено значење за развојот на транзитниот туризам и дека од исклучителна важност се поврзаноста, вклучувањето и промоцијата на „Стоби“ во рамките на поширока туристичка презентација во регионот, имајќи го предвид фактот дека локалитетот годишно го посетуваат околу 20 илјади туристи.

„Стоби е во фокусот на Министерството за култура и туризам за финансирање проекти од национален интерес за истражувања, конзервација и презентација. Во таа смисла, ги поддржуваме напорите на стручниот тим на установата во остварување на дејноста, преку реализација на истражувачки проекти, проекти од областа на заштитата на културното наследство, организацијата на меѓународните школи и обуки за заштита на културното наследство, како и во примената на нови технологии и интерактивни пристапи во презентацијата“, рече Љутков, кој додаде дека наскоро ќе биде вратен сјајот на „Стоби“ бидејќи во изминатите седум години не го доби потребното внимание и финансиски средства за програма и за капитални проекти и инвестиции.

Најавувајќи го периодот што следува, Љутков рече дека Вардарскиот регион има потенцијал да стане бисер на транзитниот туризам во земјава, и порача: „Со вистинска стратегија и посветеност, верувам дека Општина Градско и целиот потег на автопатот Е-75 е на добар пат да се претвори во значајна дестинација за транзитните туристи, а Министерството за култура и туризам ќе биде предводник и силен сојузник во остварувањето на оваа цел“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...

Македонија5 часа

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка...

Македонија6 часа

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари,...

Македонија10 часа

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија10 часа

Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии

Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на...

Македонија10 часа

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата...

Македонија12 часа

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија14 часа

Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет14 часа

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, наголемо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...

Македонија14 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови

Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4...

Европа16 часа

Путин игра на картата крај на војната: услови за Украина, кои би означиле траен крај на конфликтот

Русија ќе бара Украина драстично да ги намали воените врски со НАТО и да стане неутрална држава со ограничена армија...

Свет16 часа

(Видео) Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи по договорот со Хамас: „Ова не е едноставна ситуација“

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави вчера вечер дека постигнатиот договор со палестинскиот Хамас е „важен чекор“ и е неопходен за...

Свет17 часа

Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од...

Свет17 часа

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за создавање опасна олигархија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет1 ден

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет1 ден

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...

Свет1 ден

(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците...

Свет1 ден

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот...

Свет1 ден

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во...

Македонија1 ден

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...