Свет
Јануари најсмртоносен за странските војници во Авганистан

Од 1-ви јануари до денеска во Авганистан загинале 44 странски војници, што претставува најголем број во еден месец од почетокот на дветгодишната војна
Според податоците на France Presse која се повикува на специјализираната итнернетска статистичка страница icasualties.org, во јануари 2010 г. во Авганистан загинале 44 странски војници или 19 повеќе во истиот период минатата година. Меѓу загинатите странски војници најбројни се Американците, со 29 жртви или двојно повеќе од лани. Со секоја година се зголемуваат и загубите на меѓународните сили, па так во 2009 загинаа 520 војници, додека, пак, во 2008 г. Бројката загинати изнесуваше 295.Во Авганистан расте и бројката на цивилните жртви. Според податоците на Обединетите нации, во 2009 г. Животите ги загубиле 2.412 цивили, што е најголема бројка досега од почетокот на инвазијата во 2001 г. Странските војници најмногу страдаат од крајпатни мини. Околу 113 илјади странски војници се распоредени во Авганистан, меѓу нив о околу 200 македонски, а до крајот на 2010 г. се очекува оваа бројка да биде зголемена за уште 40 илјади војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади.
„Подмолниот непријател изврши кукавички напад на пет локации во Пакистан. Овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет“, рече Шариф.
Тој додаде дека Пакистан има апсолутно право решително да одговори на овој неиспровоциран напад и дека „решителен одговор веќе е во тек“.
„Целата нација стои зад своите вооружени сили. Нашиот морал и решителност се непоколебливи. Мислите и молитвите се со нашите храбри офицери и војници“, рече Шариф.
Тој заклучи дека „народот и армијата на Пакистан се целосно подготвени да се соочат со секоја закана“ и дека на непријателот нема да му биде дозволено да ги постигне своите злонамерни цели.
Свет
(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан.
„Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму кога влегувавме во Овалната соба, дознавме. Претпоставувам дека луѓето имаа навестување дека нешто ќе се случи врз основа на минатото, тие се борат долго време, знаете, тие се борат со децении и векови“, рече Трамп откако го надгледуваше положувањето заклетва на неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф.
President Trump reacts to the news that India has launched missile strikes into Pakistan. https://t.co/TC2ROCL7wW
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/fEhnhChPeh
— Sky News (@SkyNews) May 6, 2025
„Само се надевам дека ќе заврши многу брзо“, додаде Трамп.
Да потсетиме, Индија објави дека започнала воена операција против Пакистан и дека нападнала терористичка инфраструктура во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација, што претставува голема ескалација на тензиите меѓу двете земји.
Свет
Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Во официјалното соопштение се вели дека операцијата била наречена „Синдор“, во која биле погодени „терористички објекти од кои биле планирани и извршени напади врз Индија“.
„Нашите акции беа насочени, измерени и не ескалираа по природа. Ниту една пакистанска воена база не беше цел на нападот. Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начинот на спроведување на операцијата“, соопшти индиската влада.
Таа наводно го наредила нападот по смртоносниот милитантен напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир минатиот месец. Индија го обвинува Пакистан за поддршка на прекуграничниот тероризам – обвинение што Исламабад целосно го отфрла.
Пакистан објави дека најмалку седум лица, вклучувајќи деца, се убиени во индиските напади, нарекувајќи го „срамен и кукавички напад“ и најавувајќи одговор.
Индиската армија подоцна вечерта објави дека Пакистан започнал одмазднички напади со артилериски напади на индиско-пакистанската граница. Пакистан, исто така, тврди дека соборил пет индиски борбени авиони.
„Сите наши борбени авиони се во воздух. Ова е срамен и кукавички напад, извршен од индискиот воздушен простор“, рече портпаролот на пакистанската војска.