Македонија
Македонија средно посакувана земја за живеење
Македонија се наоѓа на 76 место во табелата на најдобри места за живеење, покажува истражувањето за 2009. година на Quality of Life Index
Македонија се наоѓа на 76 место во табелата на најдобри места за живеење, покажува истражувањето за 2009. година на Quality of Life Index.
Македонија е зад сите земји од регионот, со исклучок на Босна и Херцеговина(БиХ), која се наоѓа на 84 место.
Збирниот резултат на Македонија изнесува 60 поени, исто како Турција, Албанија, Боливија, Француска Полинезија, Парагвај и Белизе, покажува истражувањето изготвено од списанието „International living“.
Во оценката Македонија има најмногу бодови за климата, додека економијата има слаба оценка, слична на оние на Бугарија, Романија, Гренада, Јужна Африка, Боцвана, Порто Рико, Хондурас, Самоа, Монголија, Перу, Либан, Малдиви, Киргистан…
Послаби оценки Македонија има и за инфраструктурата и здравството, додека 67 и 68 бодови има добиено за околината и слободата.
Франција четврта година по ред е најпосакуваното место за живеење, со максимален број поени по сите категории. По Франција следи Австралија, Швајцарија, Германија, Нов Зеланд, Луксембург, САД, Белгија, Канада и Италија.
На последните места се наоѓаат Авганистан, Чад, Судан, Јемен и Сомалија. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.
Македонија
Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми
Министерството за транспорт информира дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.
„Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.
Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот.
„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници“, велат од министерството.
Македонија
ЦУК: Пет малолетни лица и еден возрасен поради обилниот снег се заглавени во село Рајчани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег.
„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.