Економија
ОН: Странските вложувања и пркосеа на кризата во 2011-та

Директните странски инвестиции во светот во минатата година се зголемиле за 17 отсто, и покрај забавувањето на економскиот раст, а постои причина и за претпазлив оптимизам и во оваа година, покажува последниот извештај на Обединетите нации.
Директните странски инвестиции во светот во минатата година се зголемиле за 17 отсто, и покрај забавувањето на економскиот раст, а постои причина и за претпазлив оптимизам и во оваа година, покажува последниот извештај на Обединетите нации.Директните странски вложувања пораснале во 2011 година втора година по ред, на проценетите 1.509 милијарди долари. Тоа е за 28 отсто повеќе отколку во 2009 година, но сé уште 23 отсто помалку од рекордното ниво забележано во 2007 година, се наведува од агенцијата на ОН за трговија УНКТАД во најновиот прелиминарен извештај, објавен во вторникот.Целосниот извештај и анализата за изминатата 2011 година, ќе биде објавена кон средината на јули.Потрошувачката на прекуграничните поврзувања и аквизициите во 2011-та скокнала за 49,7 отсто на 507,3 милијарди долари, додека гринфилд инвестициите се намалени за 3,3 отсто на 780,4 милијарди долари.Земјите во развој забележале рекорден прилив на директни странски вложувања, главно поттикнати од гринфилд вложувањата. Кина, е втората дестинација во светот според приливот на директните странски инвестиции, по САД, и привлекла 124 милијарди долари, забележувајќи рекорден износ втора година по ред.Директните странски вложувања во Индија се опоравиле за 38 отсто, на 34 милијарди долари, по големиот пад забележан во 2010 година, но натаму значително заостануваат зад оние во Кина.Приливот на вложувања во развиените земји порасна првпат во последните три години, и тоа за 18 отсто, на 753 милијарди долари, поттикнат со 23-процентниот раст на инвестициите во Европа. Директните странски вложувања во САД, водечката дестинација во светот, паднале за 7,7 отсто на 210,7 милијарди долари.Од УНКТАД притоа предупредуваат дека не сите директни странски инвестирања во Европа биле „здрави“, односно не укажуваат токму сите на зголемениот апетит на инвеститорите. Присутен е и трендот на продажба на не-стратешката сопственост на европските компании, како и продажбата на проблематичните имоти и опортунистичките договори чија цел е искористување на предноста на слабото евро и другите европски валути. Организацијата УНКТАД изразува и претпазлив оптимизам во врска со развојот на директните странски инвестиции во тековната година. „На основа на моменталните прогнози на темелните фактори, како што се растот на БДП-то и готовината со којашто располагаат транснационалните корпорации, УНКТАД проценува дека приливот на директните странски инвестиции умерено ќе се зголеми во 2012 година, на околу 1.600 милијарди долари“, се наведува во извештајот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот