Свет
ММФ: Недостигот од реформи и високата невработеност е клуен проблем за југоистокот на Европа

Недостигот од реформи и високата стапка на невработеност се клучните проблеми со кои се соочуваат државите од југоистокот на Европа, а таквиот тренд може да се промени и со намалување на корупцијата и бирократијата, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 15 години транзиција во овој регион.
„Најголема грешка на економскиот модел на западниот Балкан е хроничииот проблем за недоволно користење на човечки ресурси, односно високата невработеност“, се наведува во дел од извештајот на ММФ, кој треба да биде објавен во понеделник.
Во извештајот се наведува дека стапката на невработеност во државите од регионот е најмалку за десет осто поголема во однос на државите членки на Европската унија и дека тоа е клучната причина за економското заостанување.
„Вработеноста е особено ниска меѓу жените и младите, а ова особено е изразено во БиХ и на Косово. Државите од западен Балкан треба да генерираат работни места доколку сакаат да го завртат трендот на лоши исходи на пазарот на труд што е причина на заостанувањењето на голем број држави“, се наведува во извештајот.
Структурните реформи, вклучително и приватизацијате на неефиканските општествени претпријатија, се единствениот одговор на оваа состојба за да се оствари напредок во државите на регионот, наведува ММФ. Истакнува дека за напредување на приватниот сектор како клучен мотор на раст потребно е да се решат проблемите на конкурентноста, вклучително и преобемната бирократија и лошото раководење.
„Без храбро потикнување на нови реформи, државите од западен Балкан не можат да очекуваат да привлечат нови инвестиции кои се потребни за финансирање на брзиот и одржлив раст и се излагаат на ризик дека ќе запнат на нивото на дохот кој е помалку од една третина на нивните побогати европски соседи“, се вели во зивештајот на ММФ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.