Свет
Обама ја потврди оставката на советникот за национална безбедност
Советникот на претседателот за национална безбедност, генералот Џејмс Џонс пред две седмици поднел оставка, потврдил за време на специјална церемонија во Градината на розите во Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама
„Без оглед на семејни обврски, патриотизмот и посветеноста за да се гарантира безбедноста на САД овозможија генералот Џонс да стане советник за национална безбедност, и јас сум му вечно благодарен за тоа. Сега, кога се приближуваме кон втората година од власта, јас изјавувам дека генерал Џонс одлучи да се повлече од својата функција. Неговото место ќе го заземе исто така многу способниот заменик Тим Донилон“ изјавил претседателот Барак Обама.Како што пренесува Reuters, Обама истакнал дека заканата за американските безбедност е зголемена, и раководното место во Советот за безбедност е од клучно значење за заштитата на американските граѓани.„Би сакал да му се заблагодарам на Џејмс Џонс за неверојатната работа … Секој ден се потпирав на неговите совети“, рекол американскиот лидер.Меѓу успесите на неговата администрација, коишто, според неговите зборови, во голема мера се должат на Џонс, Обама ја наброја новата стратегија во Авганистан, како и подобрување на односите со Русија и склучувањете нов договор со неа за намалување на стратешкото офанзивно оружје.Џонс, пак, истакна дека Обама целосно го поддржува изборот и назначување на функцијата советник за национална безбедност на Том Донилон.„Том е еден од најтрудољубивте луѓе што кога и да е сум ги сретнал… Том, сакам да ти се заблагодарам и ти се восхитувам“, рекол Џонс.Тој изрази голема благодарност и до претседателот Обама, и заменик-претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил Бајден.„Ви благодарам за поддршката на нашите мажи и жени во униформа“, рекол Џонс.Донилон претходно го сметаа за еден од главните претенденти за позицијата на шеф на персоналот на Белата куќа, по заминувањето на Рем Емануел, кој се повлече за да учествува на изборите за градоначланик на Чикаго. Познато е дека Донилон е силен поддржувач на стратегијата на Обама во Авганистан и во неколку наврати зборуваше за потребата да се започне повлекување на војниците од земјата следното лето. Сепак, Донилон изјавил дека САД треба да се фокусираат повеќе на борба против новите закани, особено, според него, тоа се Иран и Кина. Исто така, како што забележуваат американските аналитичари, важна карактеристика за него е свеста на Донилон дека подеднакво се важни и внатрешните и надворешните активноста.Неговиот брат Мајк донилон е еден од советниците за заменик-претседател Џозеф Бајден, и неговата сопруга Кети Расел е шеф на персоналот на сипругата на заменик-претседателот Џил Бајден.Функцијата шеф на Советот за безбедност во Белата куќа, изборот на Донилон ќе не треба да биде потврдена од Сенатот.Повлекувањето на Џонс е петтата оставка од непосредното опкружување ан американскиот претседател Обама во последните месеци. Минатата седмица својата оставка ја поднесе и Рем Емануел, шеф на персоналот на Белата куќа. Од Белата куќа, исто така, неодамна заминаа и шефот канцеларијата за распределба ан буцетот, Питер Oрзаг, претседателот на Националниот економски совет на Белата куќа, Лоренс Самерс и челникот на групата економски советници на Белата куќа, Кристина Ромер. Како што се очекуваше, листата оставки од функциите во Белата куќа ќе продолжи како што се доближуваат среднорочни избори во Конгресот, закажани за 2 ноември и претседателските избори во 2012 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Продолжуваме жестоко да го напаѓаме Иран
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека Израел ќе продолжи жестоко да го напаѓа Иран и дека ќе одговори со уште поголема сила против проиранското движење Хезболах во Либан.
„Продолжуваме жестоко да го напаѓаме Иран. Нашите пилоти летаат над Иран и Техеран, како и над Либан. Хезболах направи огромна грешка со тоа што нè нападна. Веќе одговоривме со сила и ќе одговориме со уште поголема сила“, рече шефот на израелската влада за време на посетата на воздухопловната база Палмахим во централен Израел.
Израелската војска објави дека денес започнала серија напади врз инфраструктурата на Техеран, четвртиот ден од војната што ја води со САД против Исламската Република.
„Воздухопловните сили започнаа серија напади од големи размери врз инфраструктурата што му припаѓа на иранскиот терористички режим во Техеран“, се вели во соопштението на војската.
Новинската агенција „Тасним“ објави дека американски и израелски воени авиони го погодиле центарот на Техеран. Израелската војска, исто така, соопшти дека нападнала погони за производство на балистички ракети низ целиот Иран.
„За време на нападите низ Иран, израелската војска ги таргетираше индустриските погони што ги користи иранскиот режим за производство на оружје, особено балистички ракети“, се вели во соопштението.
Армијата прецизираше дека целта биле десетици локации во Исфахан во централен Иран, поврзани со мрежата на балистички ракети, особено лансери и магацини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Подготвен сум да соработувам со новата иранска влада по војната
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во интервју изјави дека на Иран му снемува клучно оружје и дека би бил отворен за соработка со некои преживеани членови на владејачкиот режим во земјата. Во телефонски разговор од околу четири минути, Трамп тврдеше дека воениот капацитет на Техеран постојано слабее, иако се очекува иранските сили „да продолжат да испукуваат ракети уште некое време“, објавува Politico.
Трамп тврди дека залихите на оружје на Иран се намалуваат. „Им снемуваат оружје и области од кои можат да пукаат затоа што ги десеткуваме“, рече тој. „Им снемуваат лансери“.
Тврдењето на претседателот е ново и не беше споменато за време на брифингот во Пентагон што се одржа вчера, ниту пак беше јавно објавено од кој било друг функционер на администрацијата.
Неговите коментари доаѓаат во време кога САД и Блискиот Исток се подготвуваат за продолжување на иранските ракетни и напади со беспилотни летала, кои се случуваат во бранови откако конфликтот избувна рано наутро во саботата.
Американските амбасади во Саудиска Арабија и Кувајт денес објавија дека се затвораат, а Стејт департментот ги предупреди Американците низ Блискиот Исток да го напуштат регионот бидејќи брзо ескалирачката војна влегува во својот четврти ден.
Сугестијата на претседателот дека способноста на Иран да возврати наскоро ќе се намали доаѓа во време кога сè уште се дебатира за времетраењето на конфликтот, американските залихи, крајната цел на војната и кој ќе го води Иран. Трамп во интервјуто рече: „Имаме неограничени количини муниција со среден и напреден среден дострел, како и други работи. Ги складираме и произведуваме нови.“
„Изведувачите на одбраната работат напорно за да произведат сè што ни е потребно“, додаде тој. „Имаат итни наредби. Го правиме тоа брзо. Но, имаме неограничени залихи, и колку и да беше глупав поранешниот претседател Џо Бајден, тој не ги искористи.“
Сепак, сенаторот Ричард Блументал изјави дека постои „потенцијално очаен и катастрофален недостиг на системите THAAD и Patriot кои се потребни за заштита на амбасадите, базите и цивилите.
Трамп процени дека војната може да трае четири или пет недели или да заврши за неколку дена.
Тој ја оправда војната тврдејќи дека Иран е на работ да се здобие со нуклеарно оружје или да има можност да ги нападне Соединетите Американски Држави. Државниот секретар Марко Рубио и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон вчера изјавија дека Израел е подготвен да го нападне Иран во секој случај, што значи дека Америка ќе биде погодена како одмазда.
Трамп рече дека би бил отворен за соработка со реконфигурирана иранска влада ако таква излезе од конфликтот.
На прашањето дали е предоцна да се размислува за соработка со некого во новата администрација, Трамп рече: „Не, не е предоцна. Запомнете, 49 [високи ирански лидери] беа убиени, така што тоа оди доста длабоко, нели? Се појавуваат нови. Многумина ја сакаат позицијата. Некои од нив би биле многу добри.“
фото/Depositphotos
Свет
Израел ја нападна зградата каде што се избира новиот ајатолах
Зградата каде што се состануваат иранските функционери кои ќе одлучуваат за новиот врховен водач на земјата е уништена во воздушни напади, објавија државните новински агенции.
Таканареченото Собрание на експерти, кое има згради во Техеран и јужно од главниот град во градот Ком, е составено од членови кои се вклучени во одлучувањето кој ќе ја преземе функцијата по атентатот врз ајатолахот Хамнеи во саботата.
حملات هوایی به ساختمان خبرگان در میدان رسالت #قم pic.twitter.com/bkK5bTV1Y5
— ائتلاف ۱۰ ꪜ 👀 (@etelaf10) March 3, 2026
Зградата во Ком беше срамнета со земја во воздушен напад, се вели во извештаите. „Скај њуз“ ја потврди автентичноста на оваа снимка направена по нападот.
Собранието на експерти има 88 членови, но не е јасно колкумина биле во зградата во времето на нападот.
Висок израелски функционер го потврди нападот.
„Израелските сили го нападнаа местото за состаноци на таканаречениот Совет на експерти додека тоа тело одлучуваше за наследник на покојниот ајатолах Али Хамнеи“, потврди за „Фокс њуз“ висок израелски функционер.
фото/ЕПА/илустрација

