Македонија
Милошоски: Македонија има премногу платено во спорот со името
Македонија има премногу платено за да ги задоволи грчките барања во спорот со името и поради тоа е потребна подеднаква волја од двете страни за да се затвори ова прашање, смета шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски.
Македонија има премногу платено за да ги задоволи грчките барања во спорот со името и поради тоа е потребна подеднаква волја од двете страни за да се затвори ова прашање, смета шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски.
Според него, Македонија веќе доволно сторила со промената на Уставот, на знамето и со прифаќањето земјата да биде зачленета во меѓународните организации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.
„Сметаме дека Република Македонија премногу има платено со својот рационализам и прагматичност да задоволи одредени нерационални, национални или националистички хирови кои доаѓале од Република Грција. Во овој контекст, сметаме дека навистина е време, со една иста волја и со една иста цел на двете страни, да се овозможи процесот на евроинтеграции во регионот. За Македонија, тоа да биде еден успех од историско значење, за Република Грција тоа да биде еден успех кој што ќе може да се вклопи во Агендата 2014, да смогнат сили и да го надминат ова прашање“, изјави Милошоски.
Коментирајќи ја дебата во однос на наводно пропуштена шанса за евро-атланска интеграција на Македонија во деведесеттите години на минатиот век, Милошоски со став дека Македонија , самата со својот слаб реформски исчекор, со својот слаб политички фокус, и недостатокот од приоритети по однос на евроатлантските интеграции, во споредба со одредени источноевропски земји, ја пропуштила Агендата 2000-та.
„Тоа не мора да значи дека постои нешто конкретно, формално, напишано, дадено, понудено или одбиено, но значи дека самата држава, општество, институции и степенот на интензитет на реформи не биле доволни и во тој контекст годините, напорите и времето биле пропуштени за да може тој период и клима, особено во поглед на евроентузијазмот во самите земји членки на ЕУ, кој што беше многу поволен, за разлика од денешниот, да се исползува за еден конкретен и силен напредок по однос на европските и евроатланските интеграции“, изјави Милошоски, кој попладнево учествуваше на презентацијата на книгата „Обраќања“ на д-р Срѓан Керим.
Милошоски смета дека претстојниот годишен извештај на Европската Комисија ќе биде во ист тон како и минатогодишниот и дека ќе биде повторена препораката за отпочнување на пристапни преговори со Македонија. Но, според него, нема да биде неочекувано доколку една земја членка го спречи создавањето на консензус во рамки на Советот во однос на донесувањето на одлука за почеток на преговорите. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

