Македонија
"Македонија вечна" освои прва награда во Калифорнија

Серијата од три рекламни спотови “Македонија вечна” на режисерот Милчо Манчевски освои прва награда на еден од најголемите адвертајзинг фестивали во светот
Серијата од три рекламни спотови “Македонија вечна” на режисерот Милчо Манчевски освои прва награда на еден од најголемите адвертајзинг фестивали во светот – Мобиус во Калифорнија.
Трите спота „Македонија вечна“, „Храмови“ и „Археологија“ победија во категоријата рекреација, забава и туризам и се наградени со златна статуетка.
Овој меѓународен фестивал е меѓу најстарите во светот, а учесници се и светските познати рекламни агенции и брендови.
Годинава учествуваа реклами од 29 земји меѓу кои и САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија, Австралија, Германија, Кина, Шведска, Холандија.
Во оваа силна конкуренција Македонија доби и уште едно големо признание, што е рамно на номинација за рекламен оскар.
Во следниот круг од фестивалот, спотот Македонија вечна на Манчевски е номиниран и во селекцијата “Најдобри од најдобрите” (Best of Shows).
За најдобра реклама од сите категории се кандидираат победниците од 11 медиуми. Спотот од Македонија е номиниран во најтесниот избор од три спота во медиумиот телевизија. Другите два номинирани спота се од Франција и од Австралија./крај/со/вм
Видео: Macedonia Timless(macedonian wines)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“. Со овој чин, ДСР и официјално станува дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Коалицијата обединува 25 партии кои ја рефлектираат мултикултурната и мултиетничка структура на нашето општество. ДСР влегуваат во ова здружување со силна заложба да го засилат политичкиот глас на ромската заедница и да обезбедат рамноправен пристап до јавните ресурси во сите општини, а особено во Шуто Оризари – единствената ромска општина во светот’, велат од партијата.
За нив, како што додаваат, ова е историска можност: речиси сите општини каде живеат Роми ќе добијат директен партнер и во локалната и во централната власт и јасен пат кон одржлив развој.
„Само преку солидарност и обединување ќе ги реализираме проектите што ќе донесат подобра инфраструктура, нови училишта, унапредени здравствени услуги и работни места за нашите семејства“. изјави Салиу.
Со потпишувањето на Декларацијата, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува на инвестиции во клучни сектори: обновување на улици и водоводна мрежа, изградба на социјални станови, поддршка за локалните претприемачи и зелени технологии.
Во претстојните недели, Демократските сили на Ромите ќе организираат јавни трибини низ Шуто Оризари и другите општини, каде што, како што најавија, ќе презентираат конкретни планови и ќе ги слушнат приоритетите на локалните заедници. Салиу ги повикува и сите жители на општината без разлика на партиската припадност да се приклучат во заедничкото дефинирање на проектите што ќе ги менуваат животните услови во нашите населби.
ДСР и коалицијата „Твоја Македонија“ даваат взаемна поддршка за кандидатите за градоначалници, вклучувајќи го и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.