Свет
Нобеловата награда за медицина за истражување на имунолошкиот систем (проширено)
Нобеловата награда за медицина или физиологија вза 2011 година им е доделена на Американецот Брус Бојтлер, Канаѓанецот Ралф Стајнман и Жил Хофман од Луксембург, за нивното истражување за функционирањето на имунолошкиот сите.
Нобеловата награда за медицина или физиологија вза 2011 година им е доделена на Американецот Брус Бојтлер, Канаѓанецот Ралф Стајнман и Жил Хофман од Луксембург, за нивното истражување за функционирањето на имунолошкиот сите.Како што во понеделникот објави комитетот на доделување на Нобеловата награда, и годинава како и претходните при Каролинскиот медицински институт, изнесува 10 милиони шведски круни – односно милион евра. Церемонијата на врачување на наградите ќе се одржи во Стокхолм и во Осло на 10 декември, на денот на смртта основачот на престижната награда Алфред Нобел (1833 -1896), шведскиот пронаоѓач, индустријалец, научник философ и хуманист. „Добитниците на Нобеловата награда за медицина за годинава револуционерно го променија нашето разбирање за имунолошкиот систем, откривајќи ги клучните принципи на неговото активирање“, се наведува во образложението на Комитетот за доделување на наградата.Нобеловата награда за физиологија или медицина е највисоката награда за научни достигнувања во областа на физиологијата или медицината, и се доделува секоја година од страна на Нобеловиот комитет во Стокхолм.
Лауреатот се наградува со златен медал со ликот на Алфред Нобел со соодветен натпис, со диплома и со чек на востановената сума.
На медалот за Нобеловата награда за физиологија или медицина, е прикажан ткн Генијот на Медицината кој во скутот држи отворена книга, собирајќи вода што тече од карпа за да ја згаси жедта на болната девојка. Написот на медалот гласи „Inventas vitam juvat excoluisse на Artes“ („Пронајдокот го прави животот подобар, и уметноста – прекрасна“). Исто така, вгравирани се и зборовите на епот „Енеида“ на Вергилиј (песна 6, стих 662-663).
Под фигурите на Генијот на Медицината и девојките се врежува името на лауреатот и текстот „REG. UNIVERSITAS MED. CHIR. CAROL. (Нобеловото собрание на Каролинскиот институт“)
Медалот што му се доделува на добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина е изработен од граверот Ерик Линдберг.
Одговорноста за изборот на добитниците на наградата е во рацете на Нобеловиот комитет на Каролинскиот медицински институт во Стокхолм, кој брои 50 члена. Работното тело на Нобеловото собрание е Нобеловиот комитет. Тој ја подготвува листа на кандидати и се состои од пет члена и секретар на Нобеловото собрание.
Подготовката на листата на кандидати за наградата практично трае преку целата година. Секоја година во септември, повеќе од илјадници професори во различни земји, академски институции, поранешен нобеловци, испраќаат писмо со предлог за номинирање на кандидатите. Потоа, од февруари до октомври, се работи на испратените номинации, составувањето на листа на кандидати и се гласа за лауретатот.
Објавувањето на лауреатите за физиологија или медицина се соопштуваат традиционално на ткн Нобеловата седмица.
Наградата не може да биде доделена заеднички на повеќе од три лица и може да се додели постхумно, само ако кандидатот бил жив во времето на објавувањето на доделување на наградата (обично во октомври), но починал пред 10 декември тековната година.
Првпат Нобеловата награда за физиологија или медицина е доделена во 1901 година. Првиот лауреат бил германскиот лекар, микробиолог и имунолог Емил Адолф фон Беринг, кој го развил методот за активна имунизација против дифтеријата.
Во 1915-1918, 1921, 1925, 1940-1942 година оваа награда не била доделувана.
Првично, при изборот на пауреатите Каролинскиот институт посветувал на откритијата во поврзани со конкретни заболувања, пронаоѓање лекови, методи на лекување и дијагностицирање. На пример, во 1902 година, наградата му е доделена на Англичанецот Роналд Рос за проучување на маларијата, а во 1905 година на Германецот Роберт Кох за изучување на патогените предизвикувачи на туберкулозата. Во 1923 година, Фредерик Бантинг од Канада и Џон Меклауд од Англија се наградени за откривањето на инсулинот, а во 1924 година Вилем Ајнтховен од Холандија ја добил наградата како основоположник на електрокардиографијата.
Во втората половина на од XX век, лауреати на наградата се претежно научниците вклучени во чисто истражувачката дејност во физиологијата и медицината. По 1979 година, кога лауреат стана Американецот Алан Кормак за развојот на компјутеризираната томографија, наградите се доделувани само за теоретски истражувања.
Во последната деценија, оваа награда обично се доделува за откритија во областа на генетиката и молекуларната биологија.
Вкупно во текот на годините лауреати на Нобеловата награда за физиологија или медицина станаа 196 луѓе, од кои 10 се жени. Најмладиот лауреат, на 32-годишна возраст, во 1923 година станал Канаѓанецот Фредерин Бантинг, за откривање на инсулинот а најстариот, на 87 години, станал Американецот Пејтон Роус, кој во во 1966 година ја доби наградата за неговото откритие на онкогените вируси.
Минатата, 2010 година, лауреат беше британскиот научник Роберт Едвардс „за развој на методот на оплодување на човечки јајце-клетки ин витро, медицински напредок, што претставува парадигма во третманот на многу видови на неплодноста“, како што образложи Комитетот./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

