Македонија
Нимиц подготвен да ги обнови разговорите
Специјалниот посредник на Обединетите Нации во грчко–македонскиот спор за името, Метју Нимиц е подготвен да ги обнови разговорите, штом двете страни ќе бидат спремни,изјави првиот човек на Светската организација, Бан Ки Мун по денешната средба во Атина со грчкиот премиер Јорго Папандреу
Специјалниот посредник на Обединетите Нации во грчко–македонскиот спор за името, Метју Нимиц е подготвен да ги обнови разговорите, штом двете страни ќе бидат спремни.Ова го изјави првиот човек на Светската организација, Бан Ки Мун по денешната средба во Атина со грчкиот премиер Јорго Папандреу, од кого добил уверување за целосна поддршка на улогата на Нимиц за ова прашањеВо исто време двете страни и македонската и грчката, тврдат дека последните иницијативи поврзани за името се нивно дело„Наша беше иницијативата да се оствари комуникацијата“, изјави македонскиот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски, во интервју за Ројтерс, во врска со средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер во Брисел.Грчкиот премиер пак денеска го информираше генералниот секретар на ОН за како што рече „моите последни иницијативи за креирање моментум“ за кипарското и за прашањето за името, пренесува агенцијата Ана-Мпа.Ројтерс пишува дека Македонија и Грција веројатно нема да го решат прашањето за името пред следниот самит на ЕУ во декември, но и оти Скопје се надева на напредок, сличен на разрешницата на хрватско-словенечкиот спор.„Се надеваме дека договорот што беше постигнат меѓу Словенија и Хрватска може да се примени и во нашиот случај“, рече Наумовски.„Двете страни не најдоа решение за нивниот спор, но се договорија прашањето да го однесат на арбитража и Словенија ја подигна блокадата за продолжување на преговорите со ЕУ“./крај/а/р/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

