Европа
Протести против доселениците во Германија по терористичките напади во Париз

Десетина илјади симпатизери на германското граѓански антиисламско движење Pegida (Европски родољуби против исламизацијата на Западот) протестираа во понеделникот вечерта во источниот германски град Дрезден, обвинувајќи го неконтролираното прифаќање на приливот имигранти во Европа за крвавите напади во петокот вечерта во француската престолнина Париз, во кои беа убиени најмалку 132 луѓе а уште повеќе од 350 беа ранети.
„Овие напади не дојдоа од никаде, тие се резултат на политиката на имиграција на луѓе коишто воопшто немаат исти вредности“, изјави челникот на движењето Зигфрид Даебриц, чие обраќање беше проследено со повиците „Меркел мора да си замине!“.„Оние коишто таканаречената ‘религија на мирот’ (исламот – з,р.) не ја поврзуваат со прашањето на бегалците и со борбата против тероризмот, ги извалкаа своите раце со крвта на денешните и на утрешните жртви“, додаде Даебриц предупредувајќи дека сега на сцена е „етничкото самоубиство“ на Европа.Меѓу 9.000 и 12.000 луѓе, според процената на локалниот универзитет специјализиран за пребројување на учесниците на големи собири, се собрале на главниот плоштад во Дрезден, на собирот на Pegida. Германската полиција традиционално не сака да дава своите процени за бројноста на собирите на Pegida, но медиумите потсетуваат дека универзитетот се стекна со реноме според своите веродостојни процени.На почетокот од собирот учесниците со минута молчење им одадоа почит на жртвите од масакрот во Париз, како и на 224-те жртви во падот на рускиот патнички авион на 31-ви октомври во Егиепт. Одговорноста за двете трагедии ја презема екстремната сунитска организација Исламска држава, иако во однос на рускиот авион и покрај навестувањата дека е можна подметната експлозија, официјалната истрага сé уште не е подготвена да ја потврди таквата верзија.„Она што се случи во Париз претставува само потврда на нашите претходни предупредувања. Ова е тажно, но не изненадува и ние сме веројатно следните на списокот“, изјавил за дописникот на AFP 45-годишниот Томас, учесник на собирот на Pegida.Политичката отвореност на германската канцеларка Ангела Меркел, која е критикувана дека со своите изјави го насочила незапаметениот бегалски бран кон Германија, сé повеќе е оспорувана во германската јавност, во прв ред од страна на десницата којашто во последните истражувања на јавното мнение бележи значителен пораст на поддршката меѓу избирачите. Германија до крајот на годинава очекува милиони баратели на азил, во огромен број од муслиманските земји од Блискиот исток, северна Африка и Азија, што предизвика повторен подем на популарноста на движењето Pegida, кое беше основано пред една година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин