Свет
Адвокатот Ракочевиќ кажа со, само не и за парите за плати
Продолжение на судењето на обвинетите за криминалната продажба на НИП “Нова Македонија”
Продолжение на судењето на обвинетите за криминалната продажба на НИП “Нова Македонија”
Душко Аврамски се интересираше каде завршиле парите што ги префрлил за плати, но сведокот рече тие пари државата ги дала како донација
ЉубиШа СТАНКОВИЌ
На продолжението на судскиот процес што се води против поранешниот генерален директор на НИП “Нова Македонијааи, Никола Тасев(29), директорот на маркетингот, Ѓорѓи Бошков (30), в.д. заменикот-директор на Агенцијата за приватизација, Душко Аврамски, тогашниот министер за економија, Бесник Фетаи (38), сопственикот на БНМ, Зоран Стојановиќ(48) и управникот на фирмата “Зум промоушнни, Гордана Кузмановска-Николовска(29), сите обвинети за злоупотреба на службената должност, сведочеше правниот застапник на наводните словенечки купувачи, скопскиот адвокат Владимир Ракочевиќ.
Според сведокот, купувањето на пакетот-акции, сопственост на Владата од 69,76 отсто било извршено на најлегален начин, со појаснување дека фирмата “Југ сторитвееи на своја штета влегла во оваа трансакција. Ваквото свое тврдење тој го поткрепи со акумулираната загуба од 20 милиони евра и задолжувања од нови девет милиони евра. Но, и покрај големите финансиски дубиози, наводните купувачи се согласиле да ја купат најстарата новинска куќа. Единствен проблем што се појавил, како што изјави Ракочевиќ, бил на каков начин ќе се изведе продажбата. Според адвокатот, постоеле повеќе варијанти, но како најприфатлива била онаа да се платат 2,3 милиони евра и да се задржат сите 1.427 вработени и преквалификација на 650 работници, иако постоела можност куќата да се купи за само едно евро и да се отпуштат 557 вработени. Ракочевиќ изјави дека купопрадажниот договор не го обврзувал купувачот да каже и како ќе ги обезбеди средствата што требало да ги уплати за купувањето на акциите. Тој тврдеше дека фирмата “Југ сторитвееи не само што имала пари за купување туку дека за нивната трансакција постоеле и банкарски гаранции од Хипо алпе адрија банкааи од Клагенфурт, Австрија, и од една банка од Целје. Ракочевеќ опширно појаснуваше за текот на парите, така што и кога ќе му беше одземен зборот од судот ,тој продолжуваше да говори. Ракочевиќ тврдеше дека 132 милиони денари што Владата ги одредила за исплата на пет заостанати плати на вработените во НИП-от не биле наменски, односно дека се работело за донација од државата. Објаснувајќи дека за потребите на “Југ сторитвееи тој најнапред ја извршувал функцијата советник, па потоа и полномошник, Ракочевиќ рече дека во речиси сите судски спорови, кои се однесуваат на НИП “Нова Македонијааи, тој се јавува како заинтересирана странка.
На прашање од застапникот на обвинението со кого во тој период сведокот имал контакти, Ракочевиќ рече дека немал контакти со никого од обвинетите, односно дека проследил само едно писмо до Министерството за економија. На ваквиот негов одговор следуваше прашање: како е можно никого да не контактира, а да ги знае сите работи кои се однесуваат на состојбите во НИП-от? Вештото лице го праша сведокот за цената за прекалификација. Адвокатот одговори дека таа изнесувала 25.000 евра за секој вработен поединечно, иако таа можела да биде и помала.
Следуваше прашање дали тој знае за одлуката на Владата за исплата на пет заостанати плати за вработените, а беше прашан и за кредитот во висина од 62 милиони денари. На поставените прашања сведокот даваше долги експликации за на крајот да каже дека од купувањето на НИП “Нова Македонијааи словенечкиот конзорциум “Југ сторитвееи не само што немал никаква корист, туку имал и загуба. На оваа негова констатација следуваше прашање од судијата Шазивар Исини: како е можно некој да купува за своја штета?
Обвинетиот Душко Аврамски се интересираше каде завршиле парите што тој како в.д. директор на Агенцијата за приватизација ги потпишал токму за исплата на плати, односно од каде знае тој дека средствата не биле наменети за исплата на плати, туку, наводно, биле дадени како донација од државата. Адвокатот Ракочевиќ рече дека му е познато за одлуката на Владата, но оти парите не биле за таа намена, дека НИП-от имал доволно средства и дека од таа причина на Агенцијата с биле вратени 30 милиони денари.
Продолжението на овој судски процес, еден од оние кои поради својот тек се најде на таканаречената црна листа на американската администрација, е закажано за 5, 7 и 8 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

