Свет
Вешти крадци украле пет милиони долари
Четворица крадци целосно облечени во црно во понеделник совладале службеници на компанија ATM Solutions која ги снабдува банкоматите во градот Сент Луис, а потоа со блиндираното возило избегале во непознат правец
Како што пренесува KTVI-FOX2now.com американските медиуми повикувајќи се на началникот на полицијата во Сент Луис, Мајкл Карузо, крадците не повредиле никој од вработените на фирмата.По грабежот крадците ги затвориле службениците во трезорот, а според локалните медиуми, станува збор за сума меѓу четири и пет милиони долари, што не можел да го потврди началникот Карузо. Блиндираното возило било пронајдено час иполовина по грабежот, „Вакво нешто не се доживува секој ден. Случајот секако загрижува. Грабежот бил добро испланиран, точно знаеле што прават и се чини дека немале намера да повредат никого’, изјавил Карузо. Медиумите забележуваат дека тој не сакал да одговори ниту на новинарското прашање дали ограбувачите имале свој човек во компанијата којашто е ограбена.Карузо објаснил дека крадците чекале еден од вработените во компанијата да дојде на работа, па го совладале, го разоружале и сочекале да дојде и вториот негов колега. Според вој податок, медиумите заклучуваат дека крадците добро знаеле дека во трезорот може да се влезе само ако двајцата вработени истовремено ги внесат кодовите.Откако влегле во трезорот и ги земале парите, ги врзале службениците со селотејп оставајќи ги во трезорот. Според службениците на компанијата, двајца од ограбувачите имале пиштоли, еден имал пушка а за четвртиот исто така е наведено оружје но не се наведува типот. Компанијата која е ограбена ATM Solutions од Синсинати ги одржува банкоматите и автоматите во банките а има и други коминтенти во шест сојузни американски држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

