Контакт

Компании

„Маркарт“ преку саем за вработување ќе ангажира кадри за фабриката во Велес

Објавено пред

Германскиот снабдувач на автомобилски делови „Маркарт“ во вторникот најави дека во следните месеци во фабриката во Велес ќе бидат отворени над сто работни места, а во следните пет години ќе се вработат над 500 лица.

dobivaj vesti na viber

 

 

Процесот на вработување веќе започна и во сабота, 4 октомври 2014 година во Велес, ќе се одржи посебен „Ден за вработување“ на кој заинтересираните кандидати ќе можат да добијат повеќе информации за перспективите на германскиот снабдувач на автомобилски делови.

 

Во фабриката на „Маркарт“ во Велес ќе се произведува за реномирани германски и европски автомобилски производители, како што се Mercedes-Benz, BMW, Volkswagen, Audi, како и за Peugeot, Citroen или Renault.

 

Ќе се изградат погони за производство на пластика, електроника и монтажа. Групацијата е пионер во областа на интелигентни системи за кодирано палење и е единствена во моментов што нуди против-провален систем за безбедност, кој веќе се наоѓа во возила како што се Mercedes, BMW, Volkswagen, Audi и Chrysler и други познати брендови. „Маркарт“, исто така, се позиционираше на врвот во автомобилската технологија со новиот систем без клуч.

 

Главниот извршен директор на Маркарт Групација, Харалд Маркарт, на денешната прес-конференција одржана во Скопје информираше мза тоа каков кадар ќе биде ангажиран во фабриката во Велес

 

 „Бараме квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места, кои сакаат заедно да го градат и развиваат нашиот објект во технолошки софистициран производствен погон. Убедени сме дека можеме да најдеме вакви луѓе во Македонија и дека заедно со нив можеме да отвориме ново поглавје во успешната приказна на нашата компанија која трае веќе речиси 90 години“, рече Маркарт .

 

Тој истакна дека дел од лицата што ќе бидат регрутирани во фабриката на „Маркарт“ ќе започнат со својот професионален ангажман уште од 1 ноември 2014 година, а потоа ќе следат првите специјализирани обуки за производство, логистика и квалитет за изградба на новиот објект.

 

„Согласно плановите во следните пет години, во „Маркарт“ во Велес ќе бидат ангажирани околу 500-600 лица“, потенцираше Маркарт.

 

На „Денот на вработување“ што ќе се одржи на 4 октомври во Велес, со почеток во 10.00 часот, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со „Маркарт“ групацијата и можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање.

 

Во рамките на „Денот на вработување“ ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и квалитет, но и во административните оддели, како што се човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба.

 

Имајќи во предвид дека активностите на глобалната компанија „Маркарт“, која има над 7.500 вработени, не се доволно познати во Македонија, на „Денот за вработување“ сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со можностите што ги нуди компанијата.

Генералниот директор на фабриката на „Маркарт“ во Велес Волфганг Аихер работи во групацијата со децении и има богато меѓународно искуство.

 

„Ќе го исполниме нашиот производствен погон од 14.000 квадратни метри со живот. Во наредните години, ќе инвестираме во образованието и перспективите на нашите луѓе и во нашите високо-технолошки производи. Повеќето работни места се директно или индиректно поврзани со производство. Секако, ни треба и компетентен персонал кој ќе може да ги поддржи во административните области. Со задоволство ги очекуваме сите заинтересирани лица кои ќе дојдат и ќе донесат кратки биографии на 4 октомври 2014 година во Велес. Инженери, квалификувани работници, почетници, но и необучени работници или моментално невработени кандидати се добредојдени “ вели Аихер.

 

Одговарајќи на новинарско прашање дали платите ќе бидат според европски или македонски стандарди, Аихер истакна дека германската компанија е дојдена во Македонија, меѓудругото и поради платите кои се исплаќаат во Македонија.

 

„Треба да се соочиме со фактот дека не сме дојдени тука да даваме европски или германски плати, туку дека сме задоволни од платите во државата“, рече Аихер, додавајќи дека компанијата ќе ги исплаќа платите на време и согласно македонските закони.

 

Министерот за странски инвестиции Веле Самак истакна дека ова е прв случај странска компанија во Македонија да спроведе саем за регрутирање кандидати за нивната нова фабрика и изрази надеж дека и други компании ќе го следат овој пример.

 

„Овој тип на саем треба да стане пример за домашни и странски фирми бидејќи е одличен начин самите фирми да го запознаат пазарот на труд и да ги објаснат нивните потреби, но и кандадатите кои бараат работа да видат  како ќе се одвива производството и какви знаења се потребни“, рече Самак.

 

Тој рече дека производството на Маркарт се состои од мали до порилично големи делови и имаат различни фази во производниот процес заради што бараат кадри со различни видови на вештини и знаења од електроника, пластика, мехатроника и друго.

 

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев истакна дека многумина со сомнеж гледале на најавите за изградба на индустриска зона во градот кој некогаш беше индустриски центар во проанешна Југославија, за да по влезот на германската компанија сит епарцели биле продадени во  зоната Караслари

„Наскоро ќе се нудат плацеви за индустриски објекти и во зоната Речани 2 и Мамутчево, лоцирана на патот Велес-Штип на површина од 64 хектари“, рече Чадиев.

 

Фабриката на „Маркарт“ во Велес треба да започне со работа во средината на следната година, а инвестицијата ќе изнесува околу 35 милиони евра.

 

Маркарт Групацијата е водечки светски производител на електромеханички и електронски прекинувачи и прекинувачки системи за возила, електричен алат, домашни апарати и други индустриски апликации.

 

Фабриката во Велес е 11-тата фабрика во рамки на глобалната групација „Маркарт“ и е дел од континуираната експанзија на компанијата. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Објавено пред

Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.

dobivaj vesti na viber

На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.

На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.

Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.

Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто

Објавено пред

Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.

dobivaj vesti na viber

На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.

Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .

Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.

Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.

Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.

Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.

Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.

Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.

Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата

Објавено пред

На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.

dobivaj vesti na viber

Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.

„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“

MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници. Град...

Македонија2 часа

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија4 часа

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ5 часа

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија10 часа

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија10 часа

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија11 часа

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија13 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија13 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија15 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија15 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија16 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија1 ден

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет1 ден

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија1 ден

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија1 ден

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија1 ден

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија1 ден

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија1 ден

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...