Македонија
Уште шест села бараат извинување од Црвенковски
Жителите на Стојаково, Ѓавато, Богданци, Селемлија, Грчиште и Мрзенци, соседни села на Паљурци, денеска се придружија на барањето на Координативното тело од ова село Бранко Црвенковски да им се извини на сите граѓани што живеат во селските месни заедници
Како што стои во соопштението од месните заедници на шесте села, тие ја осудуваат навредата на Црвенковски кон сите села во Македонија преку симболиката на Паљурци.„Црвенковски кажа дека Паљурци било само симболика. Значи, зборовите и навредите на Паљурци беа наменети против сите нас. Поради неговата симболика, тој упати навреди и до Стојаково, Ѓавато, Богданци и Селемлија. Неговата ароганција кон селата и селаните ја оправдува со неговиот пат кон Брисел“, пишува во соопштението.Оттаму додаваат дека Црвенковски греши кога вели дека селата го попречуваат патот кон Брисел.„Во нашите села живееме чесно, со труд и со љубов кон Македонија. Затоа, заслужуваме повеќе почит од човекот кој беше претседател на сите граѓани на Македонија“, пишува во соопштението потпишано од соседните месни заедници.Жителите од Стојаково, Ѓавато, Богданци и Селемлија се нашле погодени во саботната изјава на лидерот на СДСМ бидејќи голем дел од семејствата што живеат во нив имаат свои предци во Паљурци. „Го прашуваме Црвенковски, ние граѓаните од село Грчиште, кое е дел од општина Валандово, каде да гледаме ние селаните?“, се вели во писмото за поддршка до Паљурци од селото Грчиште.Преписката помеѓу СДСМ и паљурчани почна во вторникот, кога Координативното тело од ова село реагираше на говорот што Црвенковски го имаше на 11. Конгрес на партијата во саботата. Тој тогаш рече дека државата повеќе не треба да биде свртена кон Пела и Паљурци, ами кон Брисел и Европа.Откако Координативното тело на селото побара извинување од Црвенковски, СДСМ преку соопштение проба да го оправда својот лидер со тоа што тврдат дека станало збор за недоразбирање и дека селото било споменато само симболично.Социјадлемократите на членовите на Координативно тело вечера им порачува, како што стои во писмената изјава, дека „…никој не Ви дава право да го поистоветувате Паљурци со сите останати македонски села, ниту пак да се претставувате како бранители на достоинството на сите македонски села. Ако гордоста со своето село ја темелите врз дупката во која гледаше Претседателот Иванов и неговите придружници, а која беше посочена како бунарот од кој Свети Апостол Павле се напил вода и ја гасел својата жед, тогаш мораме да Ви порачаме дека многу грешите!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Муцунски на НАТО-состанок за Коридор 8: Потребнa e зајакнaта регионална поврзаност
На маргините на министерскиот состанок на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани попладнево учествуваше на тематски состанок посветен на проектот „Коридор 8“, кој ја поврзува Република Северна Македонија со регионалната инфраструктура и пристаништата во Албанија, Бугарија, Грција и Романија и е препознаен како клучна точка за интеграција на Западен Балкан со пошироката европска мрежа.
На состанокот беше нагласена потребата од зајакната регионална поврзаност, особено имајќи ги предвид актуелните безбедносни ризици и динамичните геополитички промени. Притоа беше потенцирана заедничката определба за интензивирање на координацијата и комуникацијата меѓу сојузниците во контекст на натамошната модернизација на Коридор 8 – стратешка инфраструктура со растечко геополитичко значење.
Учесниците се согласија дека целосната реализација на Коридор 8 ќе донесе значајни стратешки, економски и безбедносни придобивки. Во светло на најновите геополитички случувања во Европа и пошироко, сојузниците ја потврдија неопходноста од забрзано вложување во Коридор 8 како дел од пошироката европска и евроатлантска безбедносна архитектура.
Македонија
Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“
Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер Венко Филипче, оставка поднесоа сите членови на раководството на СДСМ – освен самиот Филипче.
Во статусот, Куновска поставува низа прашања за тоа дали партијата „драматично тоне“ под негово водство и дали, како што пишува, самостојно ја водел кадровската политика во партијата, вклучувајќи ги кандидатурите за градоначалници и советници, „во консултација со Муртино“.
Таа понатаму прашува дали Филипче ги обликувал сите политики, изборот на тим и фирма за кампања, како и дали, без согласност на партиските органи и без координација со пратеничката група, пишувал резолуции и се нудел за широка коалиција „што јавно, што скриено“, при што, како што наведува, „постојано се туркал во прегратките на Мицкоски“.
„Исход, сите дома, тој останува“, пишува Куновска.
Таа додава дека, доколку тоа „уште еднаш помине кај интелектуалците и членството во СДСМ“, партијата ќе продолжи да се задолжува „додека не се потроши и зградата“, а сите ќе станат средство „во функција на личните интереси на неколку криминални ликови“, чии дела, според статусот, треба да застарат.
Куновска напиша и дека, според неа, Филипче „никогаш немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ“, додавајќи дека „цената за овие туѓи бели дворови ќе ја плати не само СДСМ, туку и ВМРО–ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија“.

