Македонија
Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во Будимпешта учествува на Kонференција на претседатели на парламенти посветена на евроатлантските интеграции на државите од регионот Западан Балкан
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски како копретседавач на сесијата посветена на интеграцијата во ЕУ на државите од регионот Западен Балкан, во своето уводно излагање истакна дека за Република Македонија стратешка цел се евроатлантските интеграции. „Ние сме свесни дека тоа значи темелни реформи и хармонизација со европското законодавство и целосно почитување на стандардите врз кои се темели ЕУ. Поаѓајќи од Договорот за стабилизација и асоцијација, како и од таканаречените Копенхашки критериуми, во Македонија многу сериозно работиме на нивното усвојување и имплементација“, рече Вељаноски.Истакнувајќи ја клучната улога на парламентите во тие интегративни процеси претседателот на Собранието истакна дека Република Македонија годинава направи квалитетни чекори во реаизацијата на своите одредници.„Тоа се виде и преку препораката на ЕК за укинување на визниот режим за македонските граѓани, а исто така очекуваме Македонија во есенскиот Извештај на ЕК да добие препорака за добивање датум за започнување на преговорите“, додаде првиот парламентарец. Зборувајќи за интеграцијата на државите од регионот, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека на ЕУ сега и се потребни два паралелни процеса.„Првиот е продлабочување кое во моментов е забавено со ратификацијата на Лисабонскиот договор. Вториот процес е проширувањето кое секако преставува придобивка за државите од регионот, а во истовреме и јакнењето на ЕУ. Со ова се остварува и визијата на големите Европејци и татковци на здружена Европа“, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски. На Конференцијата која ја отвори претседателот на Унгарскиот парламент Бела Катона учествуваат и претседателите на парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и на Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.