Македонија
?????? ?? ????? ???????? ?????????????
Министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за финансирање на проектот „Подземна сообраќајница во градот Скопје“, од булеварот „Партизански одреди“ до Комплексот банки вреден 30 милиони евра
Владата во проектот ќе учествува со 20 милиони евра, а градот Скопје со 10 милиони евра.Подземната сообраќајница ќе се движи од мостот „Гоце Делчев“ покрај кејот на Вардар и ќе излегува кај Комплексот банки во должина од еден километар и 700 метри. Ќе има две ленти во две насоки.Студијата за сообраќајницата предвидува и кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“ и исклучување пред сообраќајницата кај Комплексот банки и ќе биде минимално длабока.Подземната сообраќајницата треба да задоволува брзина од 50 километри на час, а според студијата се очекува 50 проценти на растоварување во шпицот на сообраќајот на четири сообраќајници во центарот на градот.Изградбата треба да започне следната година и да биде завршена за 24 месеци.Градот во меѓувреме ќе треба да изработи инфраструктурен проект, проект за сообраќајницата и да изнајде изведувач.Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека Владата беше вклучена во изнаоѓање на техничко решение за проектот и од десет решенија избрано е најдоброто, според критериумите безбедност, решавање на проблемот за развој на сообраќајот, критериум за можност на проширување на решението, финансискиот и еколошкиот критериум.Според министерот за финансии Зоран Ставрески сообраќајницата ќе реши децениско прашање на растоварување на сообраќајниот метеж во центарот на градот.„Владата и натаму ќе остане посветена на реализацијата на крупни стратешки инфраструктурни проекти значајни и на краток рок во делот на поттикнување на градежништвото и на индустријата, но и на долг рок за решавање на одредени прашања во однос на инфраструктурата, без разлика дали се работи за инфраструктура во градско или надвор од градско подрачје, за подобрување на протокот на стоки и луѓе“, рече Ставревски.Вадата ќе го финансира проектот со средства од буџетот или со позајмица од меѓународни институции или домашни банки, додека градот ќе учествува во делот на финансирањето со обврзници и со помал дел средства од Буџетот.„Еден од најголемите проблеми во градот е токму сообраќајот и тргнувајќи од тоа, Градот распиша тендер и избра консултант за изработка на студија за решавање на сообраќајот за две клучни сообраќајници. Едната е која ќе ги поврзува од Партизанска до Комплексот банки и од „Климент Охридски“ до пластичарската улица“. рече градоначалникот Коце Трајановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Очекуваме во март дечињата да бидат згрижени во новата градинка Пролет
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека во месец март очекува дечињата од населбите Пролет и Маџир маало да бидат згрижени во новата градинка Пролет која е прва изградена градинка по пет децении на територија на општината.
„Во март годинава, се надевам децата од Центар да бидат згрижени во оваа предучилишна установа која е изградена по највисоки светски стандарди. Изградбата е комплетно завршена, а на крајот на 2024-та година беше направен и технички прием. Иако во Центар немаме листи на чекање за упис на дечиња во градинките, ќе им го олесниме секојдневието на родителите од населбите Пролет и Маџир маало кои своите деца ги носат во градинките во другите населби“, вели Герасимовски.
Новата градинка Пролет е енергетски ефикасна, која ќе обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Во градинката поставен е лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, како и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Градинката има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста
Загадениот воздух во градовите низ државата е сериозен проблем кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите резултати од преземените системски мерки би се почувствувале за некој период од среден рок, од неколку години, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето.
За да се направи тоа, меѓу другото, потребно е промена на начинот на затоплување на домовите, а тоа подразбира наместо фосилни повеќе користење на еколошки горива, меѓу кои и централно затоплување.
За да се смени начинот на загревање на домовите, потребно е да се изградат гасни централи. Новиот начин на затоплување на домовите, истовремено, треба да биде достапен за сите граѓани.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на изградба на такви гасни централи, а веќе има и заинтересиран инвеститор, а тоа е инвестиција за која реализација потребни се неколку години за да профункционира.
Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста и тоа ќе обезбеди, меѓу другото, и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството.
Жално е што поранешната седум годишна влада предводена од СДС и ДУИ не водеше сметка за амбиенталниот воздух и не направи ништо за намалувањето на загадувањето.
Барем нешто да направеа сега, по седум години, веќе ќе ги чувствувавме првите резултати и Скопје немаше да биде лидер на неславните европските и светски листи по загаден воздух“, се вели во партиското соопштение.
Македонија
Утрово магла и облачно време, во текот на денот ќе биде сончево со температура до 15 степени
По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност. Во останатите делови сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени, јавува УХМР.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи.