Регион
Во Хаг се носи пресудата за Перишиќ
Денеска во Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, ќе биде прочитана пресудата за поранешниот генерал на Војската на Југославија, генералот Момчило Перишиќ.
Денеска во Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, ќе биде прочитана пресудата за поранешниот генерал на Војската на Југославија, генералот Момчило Перишиќ. Перишиќ е обвинет за маскарот во Сребреница, опсада и терор врз цивилното население во Сараево, како и за ракетирањето на хрватскиот главен град Загреб во мај 1995 година, кога загинаа седум а беа ранети 195 лица. Обвинителството во Хаг во својот завршен збор во март годинава побара Перишиќ да биде прогласен за виновен и да му биде изречена казна доживотен затвор, додека одбраната бараше ослободителна пресуда. Обвинението го товари српскиот генерал во 13 точки за помагање и поддржување на злосторства сторени врз цивили во Босна и Херцеговина и во Хрватска, од кои четири точки се однесуваат на ракетирањето на Загреб, кои беа извршени со повеќедневен ракетен фрлач од типот „Оркан“, за загинувањето и ранувањето на цивилите во тој напад, како и за пропусти и неказнување на сторителите на тој напад од мај 1995 година. Перишиќ е обвинет и дека ги помагал и поддржувал силите кои го извршија маскарот врз неколкуте илјади муслимански цивили во Сребреница во јули 1995 година, како и дека го помагал двегодишниот артилериски и снајперски терор врз цивилното население врз босанскиот главен град Сараево. Во завршниот збор обвинителството го опиша генералот Перишиќ како лице коешто од заднина обезбедило логистичка и материјална претпоставка за етничко чистење и злосторствата кои ги сториле силите на босанските и хрватските Срби во БиХ и во Хрватска. Перишиќ е карактеризиран како „војник од сенка“ и како една од најважните личности во СР Југославија која ја спроведувала државната политика на Белград за поддршка на силите на босанските и хрватските Срби, иако знаел какви се нивните намери кон несрпското население во двете држави, сокривајќи се зад официјалните тврдења на српскиот режим дека СР Југославија не учествува во воените конфликти во БиХ и во Хрватска. Перишиќ во Хаг доброволно се пријави во притвор на 7-ми март 2005 година, а до почетокот на судењето на 2-ри октомври 2008 година, мина на привремена слобода./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.