Македонија
Рен очекува датум за преговори со Македонија
Европската унија да го доврши процесот на проширување и да го опфати регионот на југоисточна Европа, побара еврокомесарот за проширување Оли Рен
Европската унија да го доврши процесот на проширување и да го опфати регионот на југоисточна Европа, побара еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Осврнувајќи се поединечно на евронапредокот на балканските земји, Рен нагласи дека се очекува „зелено светло“ за почетокот на преговори со Македонија за пристапување во Европската унија (ЕУ), пренесува Макфакс.
„Европа денес е обединета и слободна. Ајде да ја завршиме нашата работа, како што налагаат принципите на слобода и демократија, почитување на човековите права и слободи, на кои се темели ЕУ“, истакна синоќа еврокомесарот Рен, во говорот по повод Денот на Европа – 9 мај.
Рен оцени дека земјите од западен Балкан постојано, иако понекогаш споро, остваруваат напредок кон ЕУ.
Тој истакна дека се очекуваат почеток на пристапни преговори со Македонија, дека преговорите со Хрватска се на исправен пат, српската Влада е посветена на европскиот пат, Србија и Албанија станаа кандидати за членство, додека БиХ направила чекот напред со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Со изборите во Турција, Брисел очекува дека и оваа држава ќе ги исполни ветувањата и со нова енергија ќе почне да ги спроведува неопходните реформи, истакна Рен.
„Процесот на ширење денес е фокусирано на југоисточна Европа. Западниот Балкан и Турција имаат европска перспектива и наше ветување дека ќе станат членови на ЕУ кога ќе ги исполнат условите“, укажа еврокомесарот за проширување Оли Рен. /крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.