Свет
Синот на Гадафи се појави на улиците на Триполи
Саиф ал-Ислам, еден од највлијателните синови на либискиот лидер Моамер Гадафи, за кој претходно беше објавено дека е фатен од бунтовниците, ненадејно се појави на улиците на Триполи, со што го стави под знак прашање обемот на контрола врз престолнината од странa на бунтовниците
Саиф ал-Ислам, еден од највлијателните синови на либискиот лидер Моамер Гадафи, за кој претходно беше објавено дека е фатен од бунтовниците, ненадејно се појави на улиците на Триполи, со што го стави под знак прашање обемот на контрола врз престолнината од странa на бунтовниците
Саиф, за кого сите сметаа дека е очигледен наследник на својот татко ако не се случеше бунтот, го посети хотелот во триполи каде штоп се сместени странските новинари, каде што повторно истакна дека владините сили ја добиваат битката против бунтовниците. Тој ги одведе новинарите до упориштето на неговиот татко во комплексот Баб ал-Азизија, при што насмеан се ракуваше со поголема група негови поддржувачи.
„Им го скршивме ‘рбетот на бунтовниците. Ова беше стапица. Тие се соочија со силен отпор и сега ние победуваме“, рече Саиф и им порача на оние кои пред камерите чекаа ред да добијат оружје дека Уште денес ќе ги нападнеме стаорците“.
На прашањето дали неговиот татко е на сигурно, Саиф кратко одговори „секако“.
Саиф истакна и дека Триполи е под целосна владина контрола и дека не му е грижа за налогот за апсење издаден од Меѓународниот суд за злосторства, кој не го и неговиот татко ги гони за злосторства врз човештвото.
Бунтовниците навлегоа во Триполи во саботата и се претпоставува дека оттогаш има стотици загинати и ранети во борбите за престолнината на Либија. Во градот има повеќе силни џебови на отпор на лојалистите на Гадафи, а во пресметките се користи и тешко оружје како противавионски топови.
Според странските известувачи, се чини дека тенковите и снајперистите на Гадафи држат само уште неколку помали области во градот, главно околу силно утврденото упориште на гадафи, комплексот Баб ал-Азизија во центарот на градот.
Пристигнуваат и извештаи дека силни борби се водат и во и околу еден од најголемите нафтени терминал, градот Брега, за кои бунтовниците тврдеа дека е целосно под нивна контрола.
Повеќе светски лидери вчера повторно го повикаа Гадафи да се предаде и да го прекине крвопролевањето. Тој, во последното обраќање до јавноста преку државната телевизија во неделата, кратко пред таа да го прекине емитувањето на програмата, истакна дека „ќе остане во Триполи до самиот крај“. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

