Македонија
Денеска се одбележува Светски ден за борба против пушењето
По повод Светскиот ден за борба против пушењето – 31 мај, кој оваа година се одбележува под мотото: “Жените се голем потенцијален пазар за тутунската индустрија”, денеска Светска здравствена организација (СЗО) ќе пред медиумите ќе ги презентира најновите истражувања во борбата против пушењето.
По повод Светскиот ден за борба против пушењето – 31 мај, кој оваа година се одбележува под мотото: “Жените се голем потенцијален пазар за тутунската индустрија”, денеска Светска здравствена организација (СЗО) ќе пред медиумите ќе ги презентира најновите истражувања во борбата против пушењето.Со овогодишната тема, СЗО, има за цел да го привлече глобалното внимание кон епидемијата на користење на тутун и штетните, односно смртоносните ефекти кои произлегуваат од злоупотребата на тутунот особено кај жените и младите девојки. Ова е можност да се потенцираат ризиците по здравјето поврзани со употребата на тутун и да се повикаат надлежните институции за креирање на ефективна политика за намалување на употребата на тутунот, велат од канцеларијата на СЗО во земјава. Истовремено, со одбележувањето на денот за борба против злоупотребата на тутун се искажува посветеноста кон спроведување на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот./крај/со/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

