Македонија
Тешко прооден пат до новиот граничен премин

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ денеска отворија нов граничен премин на македонско-српската граница, Голема Црцорија – Голеш.
Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ денеска отворија нов граничен премин на македонско-српската граница, Голема Црцорија – Голеш.
Граничниот премин е оддалечен од Крива Паланка околу 20-тина километри, но околу 3,4 километри кои водат до него не се асвалтирани, таму се оди само со џип.
Граничниот премин ќе се користи само шест месеци во годината од пролет до есен. Засега преминот ќе биде отворен само за мештаните од Голема Црцорија и селото Голеш, општина Босилеград.
„Задоволство ми е што го отвораме овој граничен премин кој ќе го користат граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на границата. Долги години овде не постоела граница, луѓето живееле без бариери. Од едната и од другата страна има доста луѓе коишто имаат имоти од спротивната страна, работат или нивните деца одат на училиште во другата држава. Многу од нив треба да изминат многу километри за да дојдат од другата страна на државната граница. Со ова сега се олеснува комуникацијата меѓу граѓаните од двете страни“, изјави Дачиќ.
И двајцата министри најавија дека ќе работат на решавање на проблемот со патната инфраструктура од двете страни. На ова ќе работат и локалните и централните власти од двете држави.
„Токму овој премин е отворена можност за премин на границата на граѓаните кои имаат најчеста потреба да ја преминуваат границата. Тоа е локалното население кое што живее во пограничниот појас. Секако дека не е доволно само овие граѓани да имаат ваква можност. Затоа на иницијатива на колегата Дачиќ, нашите тимови пристапија кон усогласување на текст на договор за премин на границата само со лична карта. Очекувам овој договор да го ратификува новиот парламентарен состав“ изјави Јанкулоска.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски вели дека со овој нов граничен премин жителите од Босилеград, нема да мораат да кружат околу 300 километри за да стигнат до другата страна на границата. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје.
Според него, Министерството за внатрешни работи веќе собрало дојави и информации за нивните активности, а во координација со Министерството за животна средина ќе следуваат конкретни акции.
„Идентификувани се дваесетина лица за кои постои основано сомневање дека стојат зад целиот овој процес“, изјави Мицкоски додавајќи дека институциите интензивно работат на расчистување на случаите.
Тој посочи и дека веќе постои снимка, која јасно покажува како бил подметнат пожарот во еден објект во Скопје рано утрото во 4.30 часот.
„Видовте колку дрско се подметнува пожар и тоа е уште еден доказ дека постојат центри на моќ што сакаат да внесат страв и паника пред изборите“, рече премиерот.
Според него, заседавањето на врвот на структурите на МВР е во тек, а институциите се решени да ги спречат обидите за создавање нестабилност. „Тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат. Ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крајот – повторно ќе победиме“, порача Мицкоски.
Македонија
Идните рудари и инженери од Македонија, Хрватска и од Норвешка на практична обука во „Булмак 2016“

Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, која управува со рудниците „Злетово“ и „Тораница“, активно вложува во образованието преку практична настава и опремување стручни кабинети во средните училишта. Во партнерство со училиштата „Наум Наумовски-Борче“ (Пробиштип) и „Коле Нехтенин“ (Штип), како и со Универзитетот „Гоце Делчев“, компанијата овозможува реална обука за ученици и студенти од геолошко-рударската, машинската и од техничката струка.
Секоја година над 30 средношколци и десетина студенти добиваат можност да учат директно во производствените погони, облечени во рударска униформа и со ламба во раката – симбол на нивниот прв чекор во професијата. Практичната настава се реализира со сертифицирани ментори од областа на рударството, геологијата, електротехниката и машинството.
„Булмак 2016“ не обучува само млади од Македонија – туку и студенти од Хрватска и од Норвешка, кои преку научни екскурзии добиваат можност да се запознаат со современите рударски технологии и процеси. Оваа интернационална соработка ја позиционира компанијата како регионален центар за практична инженерска обука.
Покрај теренската обука, „Булмак 2016“ активно поддржува и опремување стручни кабинети во училиштата, овозможува стипендии за ученици, а за студентите од повисоките години – вработување и поддршка за магистерски и за докторски трудови.
Со оваа програма компанијата не само што го продолжува рударското наследство во регионот туку создава генерации млади инженери и техничари подготвени за современи предизвици – дома и во Европа.
Македонија
Адеми: Мицкоски сака да биде тој што одлучува за и во име на Албанците

Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред целата јавност јасно ја откри суштината на неговата политика: “Целта на овие избори е ДУИ да исчезне од политичката сцена.”. Со Ова Мицкокси ја потврди веродостојноста на се она што ДУИ го зборува со месеци наназад, Мицкоски сака да биде тој кој одлучува за и во име на Албанците, истакна на прес-конференција потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
Како што вели, идејата на Мицкоски, кој е маша во рацете на српскиот свет, е да спречи обединување и моќно претставување на Албанците. Само така, додава Адеми, ќе може тој и неговите патрони од северот да продолжат да го понижуваат албанскиот народ, а во власта да имаат понижени и слаби Албански политичари како ВРЕДИ кои ќе молчат само за да ги зачуваат своите фотељи.
„Мицкоски не сака да победи на избори, туку да избрише цела една политичка идеја за рамноправност, цел еден народ од јавниот од политичкиот живот на Македонија.
Кога Мицкоски вели “ДУИ да исчезне”, тој вели дека Албанците немаат право сами да одлучуваат кој ќе ги претставува. Тој вели дека е време некој друг – поточно тој – да одлучи кој е прифатлив Албанец, кој може да седи на масата, а кој не. Тоа е обид за политичко чистење кое опасно ќе му се удри по глава.
Мицкоски треба да знае дека Албанците сами бираат кој ги претставува и дека со овие изјави ја отвори вратата на пеколот кој му следи на 19 октомври. На 19 октомври неговите пудлици од ВЕЛН ќе претрпат страотен пораз. На 19 октомври Мицкоски ќе ја дознае моќата и поривот на Албанците да не трпат наметнати решенија. Еднаш вака згреши Заев, истата грешка ја прави и Мицкоски“, порачува Адеми.
ДУИ, додава тој, можеби не била совршена, но ДУИ, како што вели, отсекогаш била изборот на Албанците.
„Не на Мицкоски. Не на централните штабови на ВМРО. Не на структури кои сакаат покорни Албанци кои ќе креваат рака кога ќе им се каже.
Токму затоа на 19 октомври Албанците јасно ќе кажат: Никој, апсолутно никој, нема право да го избира политичкиот претставник на Албанците, освен самите Албанци.
Најтрагично е што ВРЕДИ е неговата алатка. ВРЕДИ е неговиот проект за контролирана албанска политичка сцена. ВРЕДИ се неговиот тројански коњ во Чаир, во Тетово, во Струга. Граѓаните тоа го гледаат, чувствуваат и знаат.
Нашата порака е јасна: Ние нема да исчезнеме, нема да се поклониме, нема да дозволиме некој друг да го избере нашиот пат“.