Свет
Чеченија ќе ги забрани енергетските пијалаци
Чеченија ќе ја забрана продажбата на енергетски пијалаци како Red Bull на помлади од 18 години, затоа што тие биле неисламски и опасни, соопштија високи функционери на оваа исламска руска република
Чеченија ќе ја забрана продажбата на енергетски пијалаци како Red Bull на помлади од 18 години, затоа што тие биле неисламски и опасни, соопштија високи функционери на оваа исламска руска републикаОваа забрана е последна во низата што ги воведоа властите на оваа република, каде што алкохол може да се купи само во кратки периоди наутро, рестораните затвораат во текот на рамазан, а жените кои работат во згради во државно сопствеништво мора главите да си ги покриваат со шамии.„Енергетските пијалоци се исти како пивото“, објаснил за агенцијата Reuters заменик-министерот за здравство Рукман Бартиев и додал дека тие пијалоци се и штетни за здравјето.Предложената забрана наиде на одобрување кај конзервативните делови на општеството, но ги разбесни обичните Чеченци, кои се повеќе се бунат против низата вакви закони кои важат само во Чеченија и честопати го прекршуваат Уставот на Русија.„Во последно време има премногу забрани. Ние во Русија градиме мала исламска држава, како да е Дубаи“, вели еден жител на престолнината Грозни.Десет години откако Москва успеа да ги тргне од власта во републиката сепаратистите, Кремљ се потпира само на чеченскиот лидер Рамзан кадиров за да ги држи под контрола бунтовниците и да го одржува кревкиот мир. Критичарите на тврдокорниот Кадиров, пак, тврдат дека тој републиката со 1,1 милион жители ја води како да е негов феуд и власта ја одржува преку насилни пресметки со опозицијата и преку наметнување на негова лична верзија на исламот што, предупредуваат аналитичарите, би можело да доведе до тоа Чеченија повторно да се обиде да се избори за независност. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.