Македонија
Советувалиште за работа со жртви на семејно насилство

Советувалиште за работа со жртви на семејно насилство денеска ќе биде отворено во Скопје
Советувалиште за работа со жртви на семејно насилство денеска ќе биде отворено во Скопје.
Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Македонија – ЕСЕ, започнаа со реализација на активности од Националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008 – 2011 година, преку проектот „Превенција и сузбивање на семејното насилство во Македонија“.
Една од активностите на проектот, поддржан од Министерството за социјална работа и заштита на потрошувачите на Австрија, е и отворање на советувалиште за работа со жртви на семејно насилство.
Целта на проектот е спроведување на активности насочени кон унапредување на системот за заштита на жртвите преку подобрување на квалитетот на постоечките мерки за заштита и воведување на нови директни сервиси.
Советувалиштето, според најавите ќе го отвори министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, а на отворањето ќе присуствува и австрискиот амбасадор во Македонија, Алојз Краут./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега, судот им одреди мерка притвор од 30 дена.
Едно лице сè уште е недостапно за органите на прогонот.
Притворот за деветмината осомниченни е определен поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото, информираа од Кривичниот суд.
Петмина завршија во куќен притвор, додека за девет лица, судот определи мерки на претпазливост, односно обврс да се јавуваат во судот и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.
Во истрагата на Обвинителството се опфатени вкупно 49 лица. Се работи за две криминални групи чии членови разработиле шема преку која на лица баратели на социјални услуги им овозможувале да добијат право на туѓа нега и инвалидска пензија. Меѓу осомничените има и лекари специјалисти кои биле претседатели Стручната комисија за издавање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице.
Македонија
На Онкологија стигна терапијата за болните од рак, пациентите ќе бидат известени кога да дојдат

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија пристигна биолошката терапија, којашто од денес и сукцесивно во текот на наредната недела ќе биде дистрибуирана.
Од тука информираа дека пациентите ќе бидат известени кога да дојдат за апликација на терапијата, како и за подигање на таблетарната терапија.
Македонија
„Вреди“: Цените паѓаат, семејствата заштедуваат речиси 2.000 денари месечно

Врз основа на податоците од ССМ – Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се намалиле од 23.427 денари во февруари на 21.280 денари во април – намалување од 1.947 денари. Падот на цените е резултат на мерката за замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, која беше во сила од февруари до април 2025 година, истакнуваат од „Вреди“.
Ова достигнување, како што велат, е резултат на неуморната работа на министерот за економија, Бесар Дурмиши кој, како член на коалицијата ВЛЕН, го води Министерството за економија и труд.
„Според пресметките на ССМ, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се движеле на следниов начин:
Февруари – 23.427 денари
Март – 21.838 денари
Април – 21.280 денари
Според ССМ, од февруари до април 2025 година, трошењето за храна и пијалоци се намалило за 1.947 денари. Ова намалување на потрошувачката, заедно со намалувањето на инфлацијата (која во март изнесуваше 2,7%), јасно го покажува успехот на мерката на Владата и нејзиното директно влијание врз намалувањето на трошоците за живот“.
Според нив, важно е да се напомене дека Владата, од почетокот на својот мандат, континуирано работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа социјални и економски мерки.
Министерството за економија и труд, соопшти „Вреди“ изготвува нов модел на потрошувачка кошничка, кој ќе се базира на реални податоци од институциите и ќе ги одразува реалните трошоци за живот на граѓаните.