Македонија
Муратовски: Новото раководство на ССМ не им плаќа плати на работниците

Поранешниот претседател на ССМ, Ванчо Муратовски со нови обвинувања против новото раководство на ССМ
Обвинува дека се прават манипулации околу делегатите на конгресот, како и дека не им се исплатени плати на работниците. Според него не се исплатени околу осум милиони денари.„Се работи за долговите на ССМ, кои од водењето на новото квази раководство се зголеми за преку милион и пол денари, не се платени ништо од сметките и долгот е сега многу поголем отколку што беше. Барем кога беше Муратовски се плаќаа платите и сметките редовно“ изјави Муратовски.Новото раководство на ССМ пак минатата недела најави дека ќе поднесе две кривични пријави против поранешниот в.д претседател Ванчо Муратовски, поради ненавремено плаќање данок во Управата за јавни приходи во висина од 1.760.000 денари, како и поради исплаќање на средства на адвокат во висина од 16.900 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.