Свет
Конфискувано половина од богатство на Таксин Шинаватра
Тајландскиот суд, донесе одлука да му земе половина од богатството на поранешниот премиер Таксин Шинаватра.
Тајландскиот суд, донесе одлука да му земе половина од богатството на поранешниот премиер Таксин Шинаватра.
Тој живее во прогонство, затоа што е обвинет дека ја користел политичката положба за лично збогатување.
Богатството на телекомуникацискиот магнат е проценето на 2,3 милијарди долари.
Најголемиот дел од парите ги заработил од дивиденди и продажба на акциите на корпорацијата за телекомуникациски услуги Шин Корп.
Судиите открија дека Шинаватра ја користел власта во корист на Шин Корп./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинескиот суд го осуди на условна смртна казна мажот што влета со автомобил во пешаци
Кинескиот суд му изрече условна смртна казна на маж кој минатиот месец влета со својот автомобил во група пешаци, деца и родители во јужната провинција Хунан.
Хуанг Вен беше уапсен откога повреди 30-ина лица, меѓу кои и деца, се вели во соопштението на Средниот народен суд во Чангде.
Цензорите ги отстранија видеата од нападот од социјалните мрежи, а само кратки изјави од државните медиуми беа искористени за известување за случајот.
Нему му е изречена смртна казна со одлагање од две години, која вообичаено се заменува со доживотен затвор доколку осудениот не стори повеќе кривични дела во периодот.
Судот наведе дека обвинетиот на 19 ноември со својот автомобил влетал во толпа пешаци бидејќи претходно изгубил пари, па ја извадил својата фрустрација на минувачите.
Тој е уапсен на самото место кога се обидел и со оружје да нападне пешаци.
Свет
Дмитриј Песков: Сè уште нема вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп
Нема предуслови за организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сè уште немаше вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп“, рече Песков на прашањето дали постои можност за средба уште пред инаугурацијата на Трамп, пренесува ТАСС.
На неодамнешната телефонска прес-конференција претседателот на Руската Федерација изрази подготвеност да разговара со новоизбраниот американски претседател.
Свет
Најмалку двајца загинати и осум исчезнати по уривање мост во Бразил
Најмалку две лица загинаа, а осум лица се водат како исчезнати кога вчера во Бразил се урна мостот „Јуселино Кубичек де Оливеира“, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.
Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал кога дел од структурата паднала на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот „Метрополис“.
„Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне“, изјави министерот за транспорт, Ренан Фиљо.