Свет
Експлозија на Менхетен, нема повредени
Пред кафуле на Старбакс експлодирала бомба рано утрото во Менхетен, Њујорк, јавува АБЦ, а нема пријава за жртви или повредени
Од експлозијата која се случила во 3.25 часот, се скршиле прозорците на кафулето, а луѓето од дваесет и пет апартмани биле евакуирани. Кафулето Старбакс во моментот на експлозијата било затворено, па нема пријава за повредени. Според полицијата, првите припадници на полицијата кои пристигнале на местото, забележале само дека се скршени стаклата на излогот на Старбакс и дека е разнесена клупата која се наоѓала пред кафулето. Пиротехничарите веднаш излегле на терен, а се отфрла можноста за каква и да е поврзаност со експлозиите пред Британскиот конзулат, Мексиканскиот конзулат и експлозијата на Тајмс Сквер, кои се случија во последните две години. Според полицијата, освен времето кога се случиле експлозиите, друга поврзаност меѓу нив нема. Полицијата најавува дека ќе го испита и ќе го утврди типот на експлозив што е употребен. Во претходните експлозии, очевидци сведочеа за човек кој на велосипед и со капа на главата бегал од местото на експлозијата. Полицијата ќе ги прегледува снимките од сигурносните камери од околината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

