Контакт

Свет

Бомбаш-самоубиец рани 34 лица во Мосул

Објавено пред

Триесет и четири лица се ранети во самоубиствен бомбашки напад во северниот ирачки град Мосул, соопштила полицијата

dobivaj vesti na viber

Нападот се случил кога напаѓачот го активирал експлозивот во автомобилот кој се наоѓал до американска воена патрола на една улица во Мосул. Во нападот се уништени неколку автомобили и продавници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Кран падна врз автомобил во Њујорк, девојката од автомобилот е спасена

Објавено пред

Девојка од Њујорк преживеа откога кран се урна врз нејзиниот автомобил и и го згмечи возилото додека чекаше на раскрсница, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Даниела Круз (22) претрпела само полесни повреди кога кран прикачен на камион удрил во нејзиниот автомобил во Бронкс.

Студентката од локален колеџ, која во тоа време возела, изјавила дека прво го видела кранот како го урива столбот за светло и очекувала дека ќе удри во нејзиното возило.

„Се случуваше бавно и брзо во исто време“, изјави Даниела за „ABC7 News“.

„Тоа нешто се урна врз мојот автомобил и се „втурна“ во шофершајбната, со целиот врв на мојот автомобил, а исто така ме удри во главата“, додава таа.

Даниела изјавила дека би била мртва ако го запрела својот автомобил само неколку сантиметри понапред.

Таа на почетокот била заробена во нејзиниот згмечен автомобил, но успеала да излезе благодарение на непознати лица кои притрчале да и помогнат.

Според извештаите, кранот се скршил додека кревал материјал на градилиште за 11-катна станбена зграда. Не е јасно што го предизвикало кранот да се скрши.

Локалната противпожарна служба евакуираше 29 градежни работници од локацијата, објави „Њујорк Дејли Њуз“.

Издадена е наредба за делумно запирање на работите на локацијата откако инспекцијата констатирала неколку безбедносни прекршувања, објави „ABC7 News“.

Прикажи повеќе...

Европа

Сијарто: „Од Европската Унија, јас бев единствениот што се сретнав со Лавров“

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изразил жалење бидејќи тој бил единствениот претставник на ЕУ кој се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН оваа недела, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Според него, Европската Унија треба да ја искористи секоја можност за дијалог со Русија.

„Жал ми е што јас бев единствениот од ЕУ што разговарав со него, бидејќи ако повеќе наши колеги разговараа со Лавров, тоа може да помогне во решавањето на конфликтот или барем сигурно нема да ги намали шансите за конфликт. И сега мислам дека во овие околности треба да ја искористиме секоја можност“, изјавил Сијарто за РИА Новости.

Тој посочил дека е во постојан контакт со Лавров.

„Затоа што сметам дека разговорот и дијалогот мора да продолжат, особено во сегашните услови, кога тензиите растат, а опасноста од ескалација на војната, за жал, е реална. Ако не разговараме меѓу себе, ќе предизвикаме уште посериозна штета“, изјавил Сијарто.

Унгарскиот министер оценил дека „ако нема дијалог меѓу Западот и Русија, меѓу Европа и Русија, тогаш сè може да оди уште полошо отколку што беше порано, а тоа треба да се избегне“.

Прикажи повеќе...

Свет

Вонредна состојба на Флорида, доаѓа бурата „Јан“со потенцијал да прерасне во голем ураган

Објавено пред

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во 24 окрузи, поради зајакнувањето на тропската бура „Јан“, која се наоѓа над Карибите и се стравува дека следната недела ќе донесе обилни врнежи и урагански ветрови и до Флорида.

dobivaj vesti na viber

Де Сантис им порача на жителите на Флорида и на локалните власти да се подготват додека се приближува бурата и побара од федералните власти да прогласат вонредна состојба, пренесува АП.

Националниот центар за урагани предвидува дека тропската бура „Јан“ ќе се движи низ западна Куба и ќе се приближи до Флорида на почетокот на следната недела со јачина на ураган.

„Оваа бура има потенцијал да прерасне во голем ураган, затоа ги охрабруваме сите жители на Флорида да се подготват. Се координираме со сите државни и локални партнери и ги анализираме можните ефекти од ова невреме“, се вели во соопштението на Де Сантис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Членови на ДУИ: Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика револт

Бараме од претседателот на партијата, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет, за да најде решение за...

Европа13 часа

Шолц: Гладот ​​е голема опасност, Русија нема да победи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата неделна порака до граѓаните истакна дека Русија нема да победи во војната во...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски во ОН: Немаме друга алтернатива за подобар животен стандард од членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тема на годинешната...

Европа13 часа

Путин потпиша нов закон, строги казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша пакет измени на Кривичниот законик поврзани со воената служба, пишуваат руските агенции. Со пакетот...

Топ14 часа

Скопјанка измамена за над 7.200 евра, и кажале дека ќерка и усмртила дете во сообраќајкa и ќе ја спасат од затвор

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице...

Европа14 часа

Кина: САД испраќаат многу погрешни и опасни сигнали

Кина ги обвинува Соединетите Држави дека испраќаат „многу погрешни и опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен...

Европа17 часа

Кадиров: Огромен број припадници на државните служби се вешти со оружје, нема да требаат резервисти

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска предложи да се мобилизираат половина од припадниците на федералните сили за таканаречената, како што ја...

Македонија18 часа

(Видео) Каевски: Мицкоски се уште молчи за неговата улога во спорниот тендер, институциите да го расчистат случајот

„Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната...

Македонија19 часа

(Видео) Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ

„Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски...

Европа19 часа

Путин не блефира за нуклеарното оружје, велат од ЕУ

Европската унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин за да може да користи нуклеарно оружје во војната...

Регион21 час

(Видео) Грабар-Китаровиќ: Путин повеќе би сакал да умре отколку да признае пораз

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на Глобалната сцена одржана во седиштето на ОН пред неколку дена одговори на прашањето...

Свет22 часа

Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските...

Европа23 часа

Сијарто: Нема да поддржиме антируски санкции во енергетскиот сектор

Будимпешта нема да поддржи антируски санкции во енергетскиот сектор, вклучително и во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа може да...

Македонија23 часа

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ

На маргините на 77 – та сесија на генералното собрание на ОН, министерот Бујар Османи учествуваше на традиционалниот состанок на...

Свет23 часа

(Видео) Тајфун во Јапонија, едно лице загина, неколку се повредени

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека високи бранови, обилни дождови, лизгање на земјиштето и поплави може да ја погодат централна, источна...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски-Шоле: Го зајакнуваме партнерството со САД за обновливите извори на енергија

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на учеството на 77. Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска одржа средба со...

Македонија2 дена

Полицијата упадна во златарници низ Македонија, одземени 10 килограми злато поради незаконско работење

Полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе златарници на подрачјето на...

Европа2 дена

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во трета светска војна

Конфликтот во Украина може да ескалира во трета светска војна, предупредил поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога рускиот претседател Владимир...

Топ2 дена

Во тепачка во автобус на ЈСП малолетник со остар предмет повредил друг малолетник за место за седење

Синоќа, во 19.33 часот, во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник задржал две лица, кои кај Стара Рампа, во...

Македонија2 дена

ЕУ испрати покана до 44 земји за самитот во Прага, меѓу нив и за Македонија

Европската Унија ги покани шефовите на 44 држави и влади да присуствуваат на самитот во Прага по повод формирањето на...