Спорт
Во Токио започна Пан Пацифик отвореното првенство
Отвореното првенство на Јапонија или популарниот Пан Пацифик ВТА турнир примамлив по наградниот фонд од два милиони долари го привлече кремот на женскиот тенис.
Отвореното првенство на Јапонија или популарниот Пан Пацифик ВТА турнир примамлив по наградниот фонд од два милиони долари го привлече кремот на женскиот тенис. Во првите одиграни мечеви се постигнати очекувани резултати: Анастасија Павкличенкова (16. Рус.) – Доминика Чибулкова (Рус.) 7:5, 7:5, Даниела Хантучова (Свк.) – Анжелик Кербер (Гер.) 6:3, 6:3, Олга Говорцова (Блр.) – Ивета Бенешова (Чеш.) 6:4, 7:5), Андреа Петковиќ (Гер.) – Гизела Дулко (Арг.) 6:3, 6:1, Каја Канепи (Ит.) – Мелани Оудин (САД) 6:4, 6:4, Марија Кириленко (Рус.) – Марија Хозе Мартинез Санчез 6:3, 6:7 (5), 6:1.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати
Фудбалскиот сојуз на Шпанија не го прифати барањето на реал Мадрид, 36.шампионска титула да им биде врачена по натпреварот со Алавес на 14.мај.
Реал, во саботата, математички ја обезбеди шампионската титула во Шпанија. Планот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија беше трофејот на „кралскиот клуб“ да му биде врачен во сабота во Гранада.
Овој предлог Реал го одби од почит кон противникот. Одбија да слават на теренот на тимот кој испаѓа од Примера.
Поради тоа Флорентино Перез побара титулата на играчите да им биде врачена на 14.мај кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Алавес. Овој предлог Фудбалскиот сојуз на Шпанија го одби и најави дека трофејот ќе биде врачен во 12 мај наутро во тренинг центарот на Реал во Валдебебас, зад затворени врати.
Федерацијата го извести Реал Мадрид да ги извести играчите дека треба да бидат во Валдебебас во недела наутро, бидејќи планот е церемонијата да се во 9:30 часот, а на доделувањето на трофејот нема да присуствуваат навивачите.
Трофејот ќе го врачи претседателот на шпанската фудбалска федерација Педро Роча.
Спорт
(Видео) Ова е совршено изведен пенал
Многумина тврдат дека ова е најдобро изведениот пенал во историјата на фудбалот.
Често велат дека пеналите се лотарија и не постои перфектно изведен пенал. Сепак, за шутирање од белата точка е потребен и тренинг, а не само талент. И ако ги комбинирате двете, тој пенал навистина може да биде совршен.
Во шпанската Сегунда на четири кола пред крајот се води голема борба за пласман во Ла Лига. Во моментов водат Леганес и Ваљадолид со по 67 бодови, а зад нив е Еибар со 64 бодови.
Токму Еибар, викендов славеше со убедливи 5:0 против Аморебиета, а мечот го одбележа пеналот на Агер Акече.
Otro ángulo del gol de Aketxe. #SDEibar pic.twitter.com/n40j2V88t5
— El Milagro de Valencia (@EibarXtra) May 6, 2024
Спорт
Просинечки ги издвои најдобрите од поранешна Југославија, не го спомна Модриќ
Роберт Просинечки (55) пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. Откако ги победи Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња?
„Тешко ми е да го кажам. Знаете, ако кажам Дејо Савиќевиќ, тогаш ќе кажат дека тој е мојот претседател. Имаше многу добри играчи на овие простори, секој од нив обележа еден период. Ги имаше многу, за никој да не се налути или да помисли нешто. Имаше неверојатен број на одлични играчи од генерацијата на Хрватска, а да не зборуваме за играчите кои направија неверојатни кариери, играа во најголемите клубови толку години, па тешко ми е да кажам кој е најдобриот, но еден од нив е Шукер, па Шукер, Бобан потоа Папе Сушиќ. Ова го кажав на брзина. Тоа беа играчите кои го обележаа фудбалот не само во Хрватска туку и во поранешна Југославија.”
Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на Златна топка од просторот на поранешниот југ и најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал.