Свет
Мотаки: Иран спремен да продолжи со преговори
Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки рече дека Техеран е спремен во рок од неколку недели да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со меѓународната заедница.
Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки рече дека Техеран е спремен во рок од неколку недели да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со меѓународната заедница. „Според нашите гледишта, октомври или ноември се чинат како добро време за повторно воспоставување на преговорите,“ рекол Мотаки за новинарите. Иран инсистира на продолжување на процесот на обогатување на ураниумот, бидејќи како што тврди, со правењето на гориво за планираниот реактор ќе се прави струја. Оваа земја негира дека нејзината нуклеарна програма има цел да произведе атомска бомба, за што ја обвинува меѓународната заедница. Советот на безбедност на ОН усвои четири пакети санкции против Иран, чија цел е да се натера оваа земја да ја прекине својата нуклеарна програма./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Турист во Италија уништил фрески стари речиси 2000 години
Холандски турист уништил ѕид со фрески во античка римска куќа во Херкуланеум, во близина на Неапол, оштетувајќи ја зградата што ја преживеала вулканската ерупција на Везув во 79 година од нашата ера, соопшти денеска италијанската полиција.
Во соопштението на полицијата се вели дека 27-годишниот турист бил брзо идентификуван откако вработените во археолошкиот локалитет откриле графити исцртани со црн, неизбришлив фломастер на бел дел од насликан ѕид.
Полицијата соопшти дека тоа е потпис на маж кој сега се соочува со обвинение за оштетување на уметничкото дело.
Помалиот град од неговиот попознат сосед Помпеја, Херкуланеум бил покриен со подлабок слој пепел, кој ги заштитил неговите урнатини од крадци и оставил особено добро сочувани остатоци.
Како одговор на зголемениот вандализам, Италија оваа година воведе построги казни за оние кои ги оштетуваат спомениците и културните места, одредувајќи казни до 40.000 евра.
Свет
Кристоферсен: НАТО има две до три години да се подготви за одбрана од Русија
Началникот на Генералштабот на норвешката армија, генерал Еирик Кристоферсен денеска изјави дека НАТО има две до три години да се подготви за одбрана пред Русија повторно да биде во можност да изврши конвенционален напад.
„Во еден момент некој рече дека ќе ни требаат 10 години, но мислам дека се работи за помалку од 10 години поради индустриската база што сега постои во Русија“, рече генералот Кристоферсен, пренесе Блумберг.
Тој посочи дека ќе биде потребно „некое време“ за спроведување на овој план, кој им дава простор на сојузниците на НАТО да ги обноват своите сили и резерви во следните две до три години, истовремено поддржувајќи ја Украина.
„Норвешка, членка на НАТО од 1949 година, не забележа значителна промена во однесувањето на Русија на својата граница во последната година, вклучувајќи ги нуклеарните сили и нејзината северна флота, но руските копнени сили на полуостровот Кола беа десеткувани по големите загуби во Украина“, рече тој.
Норвешкиот парламент допрва треба да одобри план со кој речиси ќе се удвои распределбата за одбранбениот систем во следните 12 години со цел да се прилагоди на заканите, со фокус на поморската и воздушната одбрана, пренесува Танјуг.
Свет
Уапсени 18 лица во Полска: планирале непријателски активности во име на Русија, вклучувајќи и убиство на Зеленски
Полските власти уапсија 18 лица под сомнение дека планирале непријателски активности и саботажи во име на Русија и Белорусија, вклучувајќи го и убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Томаш Сјемоњак.
Полските власти поврзаа некои неодамнешни подметнати пожари или обиди за подметнување пожари со агенти спонзорирани од Русија. Меѓу уапсените во последните месеци има државјани на Полска, Белорусија и Украина, се наведува во соопштението на Агенцијата за внатрешна безбедност.
Семењак рече дека актите на саботажа се јасно дел од поширок план кој вклучува сајбер напади, притискање на мигрантите да преминат од Белорусија во Полска и загрозување на нејзината безбедност, бидејќи ја поддржува Украина во нејзината одбрана од инвазијата на Русија.
Полјак беше уапсен во април под обвинение дека е подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да учествува во наводен заговор за убиство на Зеленски, соопштија полските обвинители.
Тој, наводно, побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за стратешкиот аеродром во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина.