Контакт

Спорт

Лигети победи на велеслаломот во Бивер Крик

Објавено пред

Американецот Тед Лигети победи на велеслаломската трка која се возеше во Бивер Крик.

dobivaj vesti na viber

Американецот Тед Лигети победи на велеслаломската трка која се возеше во Бивер Крик. Лигети, освојувачот на малиот Кристален глобус и актуелен светски првак во оваа дисциплина, имаше перфектно возење во втората трка и од четвртото место, кое го имаше по првото возење, се искачи на највисокот место на подиумот. Американецот на домашен терен победи со време од 2:40.01 секунди, зад него 69 стотинки задоцни Марсел Хиршер од Австрија,а третопласираниот Кјетил Јансруд од Норвешка имаше 78 стотинки послабо време од победникот. Велеслаломот во Бивер Крик се возеше како замена за трката во Вал Дизер, која беше откажана поради недостакот на снег. Лигети води во генералниот пласман во велеслалом со 280 бодови, 60 повеќе од Хиршнер. Што се однесува до генералниот пласман во Светскиот куп таму лидер е Аксел Лунд Свиндал со 334 бода, Лигети има 289, а  ветеранот Дидие Куш 268.  крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шампионот падна во Минеаполис – Минесота ја победи Оклахома

Објавено пред

Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата.

dobivaj vesti na viber

Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота.

Актуелниот МВП го заврши натпреварот со 35 поени. Канаѓанецот немаше доволна од соиграчите, пред се од вториот најдобар играч во тимот, Џејлен Вилијамс кој постигна 17 поени, па затоа е јасно во што лежи клучот за поразот на лидерот на Западот.

Од друга страна, Ентони Едвардс, со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока со три асистенции, беше најрасположен кај домаќините, кои и трет пат од почетокот на годината, како домаќини ја победија Оклахома.

Резултати:

Бостон – Мајами 129:116
Њујорк – Филаделфија 107:116
Атланта – Сан Антонио 98:126
Кливленд – Чикаго 125:136
Минесота – Оклахома Сити 112:107

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол

Објавено пред

Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.

dobivaj vesti na viber

Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.

Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.

„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“

Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.

За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.

Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.

Foto: Profimedia

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот

Објавено пред

Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.

dobivaj vesti na viber

Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.

Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.

Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 час

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија3 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ20 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија23 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија23 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија24 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...